Во Франција е регистриран најголем број смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на кризата – 1.427 лица ги загубија животите за еден ден.Како што објавија француските медиуми синоќа, 607 луѓе починале во болници и 820 во домови за нега на стари лица.
Во Франција, значително е зголемен бројот на заразени, или повеќе од 11.000 за еден ден. Вкупниот број на заразени лица од почетокот на пандемијата надмина 100.000.
Досега се излекуваа 19.337 пациенти.
Француски индустријалци и научници најавија дека ќе започнат со производство на нов вид заштитна маска од коронавирусот, која може да се користи 100 пати без замена.
Маската, според Франс енфо, ќе се понуди на пазарот по малопродажна цена од околу 30 евра.
Меѓу истражувачите и експертите вклучени во проектот биле вработени во познатата „Мишлен” (Michelin) и Центарот за атомска и алтернативна енергија (ЦЕА), кои основаа нова компанија наречена „VOC-Cov”.
ЦЕА ги стави на располагање своите научни и истражувачки ресурси, додека „Мишлен” беше одговорна за изработка на прототипот на маската.
Пробна серија од 5.000 маски е веќе во фаза на изработка, а првите парчиња се очекуваат следната недела.
Планирано е да се произведат околу еден милион маски неделно ако пробната серија успее.