ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Јовановска: Нема масовни отпуштања од работа

Околу обвинувањата дека се манипулира околу бројките, и обвинувањата од Сојузот на стопански комори и прес конференцијата на угостителите, Јовановска вели дека ги повикува медиумите, јавноста, комората заеднички да се извадат листинзите на работодавачите (доколку се согласат) кои ќе покажат дали тие одјавиле или пријавиле вработени.

April 9, 2020 12:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

-Во моментов Агенцијата за вработување ја објави, редовно и уредно, бројката на невработени лица за месец март, која што во споредба со претходниот месец бележи зголемување за околу 2.000 лица, вели директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, во гостувањето на „Утрински брифинг“, на Слободен печат.

-Тоа е бројка на евидентирани невработени лица. Би сакала да кажам дека иако со уредба е стопирано, односно одложено редовното тековното пријавување на веќе евидентираните лица, системот не ги брише и немаат обврска да доаѓаат во Агенцијата, сите лица кои сега останале без работа можат да се пријават и тоа слободно го прават во центите. Од друга страна Агенцијата ја нуди услугата на пријави и одјави – М1-М2 во задолжително социјално осигурување.

Таа бројка е променлива во секој момент. Зошто тоа немора да значи и престанок на работен однос? Затоа што можеби, со датум 14-ти или 15-ти, XY граѓанин е одјавен од задолжително социјално осигурување, но веќе на 15-ти е направена пријава за 16-ти истиот месец. Ова значи дека тоа не е престанок на работен однос, како што не е и мирувањето на работниот однос, ниту пензионирањето, изјави Јовановска, за реалните состојби околу бројката на невработеност во време на кризата предизвикана од Коронавирусот.

Околу барањата на угостителите и заканите дека ќе се отпуштат од работа 15.000 работници, Јовановска вели дека до сега такво нешто се нема случено.

-Во секојдневна комуникација сум со Центрите и такво масовно отпуштање воопшто не постои. Од друга страна јас сум повеќе од убедена дека сево ова ќе заврши, а знаат и угостителите дека тие кадри се дефицитарни. Ние во неколку наврати сме разговарале и секогаш угостителите велеле дека тој кадар е дефицитарен. Сметам дека со поддршката од Владата тие кадри треба да се задржат, вели Јовановска.

Владата во континуитет излегува со нови мерки и решенија за поддршка за задржување на работните места. Покрај тие економски пакети, ја субвенционира и минималната плата од 14.500 денари за да се задржат вработените. Како во другите дејности, така и во дејноста угостителство и туризам не само што ги задржуваат вработените, туку и вработуваат други лица, а доказ се подготвените договори за субвенционирање на плати кои ќе бидат потпишувани следната недела. Меѓу тие 1.500 лица кои аплицираа има и голем број работодавачи кои што имаат дејност угостителство, туризам, хотелиерство. Тоа се нови вработувања, вели Јовановска.

Околу обвинувањата дека се манипулира околу бројките, и обвинувањата од Сојузот на стопански комори и прес конференцијата на угостителите, Јовановска вели дека ги повикува медиумите, јавноста, комората заеднички да се извадат листинзите на работодавачите (доколку се согласат) кои ќе покажат дали тие одјавиле или пријавиле вработени.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми

July 18, 2025

Кривична пријава за два обида за убиство, тешки кражби и поседување оружје, лишено од слобода едно лице

July 18, 2025

МОК ќе ја претстави македонската младинска олимписка делегација на ЕМОФ Скопје 2025

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од тоа гајбите по зградите на диво има ли нешто поевтино – за пријател прашувам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk