Во Јемен денеска во сила стапи примирјето кое претходно го најави коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Примирјето треба да помогне во борбата против ширењето на коронавирусот во оваа земја, во која досега не е забележен ниту еден случај.
Сè уште не се знае дали проиранските Хути ќе ја прифатат одлуката на коалицијата, но претставникот на ова движење Мохамед Абдулсалам изјави дека неговата организација до Обединетите нации упатила прифатлив предлог што подразбира завршување на војната и „блокадата“ што му е нематната на Јемен.
Сите страни се упатени во мировниот предлог и се очекува да се одржи видео-конференциска средба на која ќе се расправа за сеопфатен прекин на огнот, што ќе вклучува и прекин на сите воздушни, копнени и поморски судири.