ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Џисус Крајст Мицкоски

Никој не може да го обвини Мицкоски за претерана скромност. Тој одамна се нуди да биде Спасител, бидејќи тешко му паѓа сегашната позиција на чувар на плажата во зимските периоди. Со недели шета наоколу и наеднаш, со исплазен јазик, го отвара „мантилот“ за да ги вџаши минувачите од глетката што ја нуди.

April 10, 2020 08:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Мицкоски на колена. Протестен марш во Штип, 16.9.2018 година

Мицкоски на колена. Протестен марш во Штип, 16.9.2018 година

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ Медиа

Христијан Мицкоски постираше ваков статус до нацијата: „Чувствувам одговорност да споделам една кратка анализа и ќе оставам граѓаните да одговорат: Дали Заев и СДСМ намерно ја втурнаа македонската економија и граѓани во апокалиптично сценарио водени од лични и партиски интереси или е нешто друго во прашање?“

На вака поставено реторичко прашање, граѓаните имаат две опции…

Првата е очигледна: Заев и СДСМ се ѓубриња невидени кои скроиле „апокалиптичко сценарио“ за лични и партиски интереси.

Но, се извинувам: после Апокалипсата – официјално, тоа е последниот дел од Новиот завет во кој се зборува за крајот на светот – како може чиј било интерес да се оствари? За очекување е дека кога ќе дојде крајот на светот ни чушки ни френки нема да виреат, барем за догледен период, па каков е тој интерес што ќе го авансираат „Заев и СДСМ“? Да не отвориле погребално претпријатие „Апокалипса“?

Сепак, Откровението на апостолот Јован, во кое се најавува Армагедонот (тоа е библискиот извор за „апокалиптичкото сценарио“ на Мицкоски) е, всушност, најава за „второто доаѓање на Исус Христос“ во кое тој го победува злото. Заклучокот сам се наметнува: после апокалипсата спроведена од Заев и СДСМ, ќе пристигне Мицкоски (во „второ доаѓање“, после Гуевски) со кое ќе го победи злото и ќе завладее со библиската земја Република Северна Македонија!

Никој не може да го обвини Мицкоски за претерана скромност. Тој одамна се нуди да биде Спасител, бидејќи тешко му паѓа сегашната позиција на чувар на плажата во зимските периоди. Со недели шета наоколу и наеднаш, со исплазен јазик, го отвара „мантилот“ за да ги вџаши минувачите од глетката што ја нуди.

И тука прикаската за Џисус Крајст Мицкоски би можела да заврши, доколку не е вториот дел од неговата реторичка дилема: „или е нешто друго во прашање?“

Хммммм… Што би можела да биде втората опција со тоа „нешто друго“, ако не е „нештото прво“, Апокалипсата?

Да не е „нештото друго“ тешката состојба во која се наоѓа земјата? Да не е „нештото друго“ незапаметениот глобален предизвик да не се доживее здравствен, економски и општествен колапс – по тој редослед – на државните заедници какви што ги знаеме денеска? Да не е „нештото друго“, во целата вака компликувана состојба, толерирањето на анти-општественото однесување на опозицијата која перманентно шири безочни лаги и се обидува да предизвика паника против „Заев и СДСМ“ кои, по редот на нештата, се најодговорни токму да не дојде до Апокалипсата што ја пророкува Мицкоски?

Во нормални околности, прагот на толеранција на секакви недолични однесувања на општествено-политичката сцена е многу повисок. На пример, во нормални околности, одамна се откажавме од пристојно однесување на поглаварот на ИВЗ. Во нормални околности, и за „оплакувањата“ на Владиката Тимотеј за финансискиот опстанок на православниот клер би имале повисока мерка на разбирање. Во нормални околности и на социјалните мрежи би одмавнале со рака и на најфантастичните конспиративни сценарија за заднината на светската пандемија и „гушењето“ на демократијата во Македонија.

Ова, за жал, одамна не се „нормални околности“. Постојат големи шанси околностите да станат уште поненормални, особено и заради однесувањето на различни општествени лидери во јавноста кои придонесуваат на здравствените препораки на власта да се гледа со сомнеж и потценување. А, во наредните десет дена Македонија е на крстопатот на кој ќе се види кој епидемиски правец ќе го фати: кон „Бергамо“ или кон излегување од овој епохален кошмар.

Би било добро во тој напор Мицкоски да не одмага, кога веќе не помага. Де, закопчај тоа мантилот и поседи дома.


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Нов робот-помошник за домашни работи

May 12, 2025

НАСА: Мисија на Марс в година

May 12, 2025

„Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk