ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Предлогот за зголемување на акцизата на горивата оправдан за Владата, се подготвува уредба

Против предлогот за зголемување на акцизата на нафтените деривати е Асоцијацијата на превозници Макмтранс од каде оценија дека е нерационален и несолидарен.

April 10, 2020 13:04
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека би настојувале да го прифатат предлогот на Стопанската комoра на Македонија за зголемување на акцизата на нафтата и информира дека  се изработува и предлог уредба заедно со Царинската управа, но оти конечната одлука ќе ја има Владата.

-Тој предлог е на маса, веќе изработуваме предлог уредба, Владата е колективен орган кој носи одлуки, знаете дека сите предлози што потекнуваат и што се на реална основа и како што сметаме дека е прифатливо и дека треба, земајќи предвид и пресметки и фискални импликации. Предлогот беше за два денара да се зголеми акцизата на нафата. Со Царинската управа работиме конкретно на предлогот и наскоро  ќе излеземе со точна инфирмација, но би настојувале да го прифатиме предлогот од  Стопанската комора бидејќи сметаме дека има оправданост во едни вакви услови кога има голем пад на цените на нафтата, меѓутоа секако и кога има и намалена побарувачка, рече Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање.

Кризата, дополни,  не е поттикната од тие сектори, односно од економски шок, туку е од здравствен шок кој се одразува заради преземањето на мерките на секоја држава да го заштити здравјето на граѓаните, рече Ангеловса, одговарајќи на новинарско прашање.

Во пакетот решенија за справување со економските проблеми Стопанската комора предлага за два денара да се зголеми акцизата за безоловниот бензин и евродизелот, а акцизата за екстра лесно гориво да се изедначи со акцизата за дизел горивото. Нивните пресметки покажуваат дека со предложените мерки од акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати месечно би се прибрале  3,8 милиони евра повеќе односно 46,2 милиони евра на годишно ниво.

Против предлогот за зголемување на акцизата на нафтените деривати е Асоцијацијата на превозници Макмтранс од каде оценија дека е нерационален и несолидарен.

Тие побараа Владата да не ја прифати предложената мерка, оценувајќи дека таа нема заштитен механизам за да се намали влијанието на цените на сите производи кои се превезуваат, а тоа, истакнуваат, може да е иницијална каписла за појава на инфлација која ќе нанесе штета на сите микро, мали и средни трговски друштва и земјоделците.

Како што појаснија од Макмтранс, зголемувањето на акцизата за нафтените деривати би значело постојната акциза за безоловен бензин да се зголеми за два денара на износ од 23,692 денари, акцизата за гасно масло кое се користи како погонско гориво (евродизел гориво) да се зголеми за два денара на износ од 17,121 денари, додека акцизата за гасното масло што се користи како гориво за греење (екстралесно гориво) да се изедначи со акцизата за дизел горивото , односно да изнесува 17,121 денари.

– Со предложените мерки, во просек во државниот буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства поголеми за 3,8 милиони евра, односно 46,2 милиони евра на годишно ниво. Така, микро, малите и средни бизниси, земјоделците да се жртвуваат, а на олигарсите да не им фали ни влакно од главата. Се надеваме дека оваа тешка ситуација барем малку ви покажа колку се важни превозниците, земјоделците, колку се важни сите мали бизниси кои 80 отсто го полнеа буџетот, а притоа немаа пари и средства за луксузирање туку за преживување. Крајно време е после 30 години некој од политичките партии да им каже на олигарсите ДОСТА Е, вратете нешто во стопанството и немојте да барате преку леб погача, стои во писмото од Макамтранс до премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

(ВИДЕО) Нов робот-помошник за домашни работи

May 12, 2025

НАСА: Мисија на Марс в година

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk