ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Подготвуваме анализи за акцизата на нафтените деривати

Дали решението што ќе биде предложено до Владата ќе биде изедначување или покачување на цената на нафтата, дополнително ќе излеземе и информираме, рече Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Министерството за финансии во однос на барањето на Стопанската комора да се изедначи цената на акцизата за екстра лесното гориво со акцизата за дизелот

April 12, 2020 12:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција најави дека во подготовка се анализи во врска со акцизата на нафтените деривати, вклучително и за екстра лесното гориво.

– Дали решението што ќе биде предложено до Владата ќе биде изедначување или покачување на цената на нафтата, дополнително ќе излеземе и информираме, рече Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Министерството за финансии во однос на барањето на Стопанската комора да се изедначи цената на акцизата за екстра лесното гориво со акцизата за дизелот.

Ангеловска посочи дека треба да бидат внимателни, да прават детални анализи и одлуките да ги базираат на тие анализи, а во моменов, како што информира, разгледуваат колкаво е користењето на екстра лесното гориво и што би значело тоа за сите нафтени деривати.

Таа смета дека среќна околност е драстичниот пад на цената на нафтата, односно падот на малопродажните цени од 20 денари, додавајќи оти кое решение и да го донесат нема да биде скроено да удри по џебот на граѓаните.

– Треба да бидеме реални и да согледаме дека компаниите на почетокот на годината кога ги правеле финансиските планови не предвиделе волкав пад на цената на нафтата, ако зборуваме за зголемување на цената секако ќе излеземе со бројките и со точното решение кое е најправедно, а ќе ги земеме сите фактори предвид, и што ќе значи ако малопридажната цена се зголеми за да може да падне цената на акцизата. Се работи за една антикризна мерка на којашто работиме заедно со Царинската управа, добро ќе ја обмислиме, и секако ќе информираме за кое е предлог решението, додаде Ангеловска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

June 15, 2025

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk