ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Короната и равенката на опстанокот

Го читавте ли Буковски: изолацијата е дар, се друго е проба на вашата издржливост. Јас се надевам дека наскоро ќе излеземе да пробаме колку живот можеме да поднесеме на слобода и колку животот може да не поднесе нас.

April 12, 2020 13:24
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Понекогаш гледам на ковидот како на учител кој на табла му објаснува на човештвото како да ја реши равенката на својот опстанок. Како да ја намали смртноста од себе. При што, многу убедливо укажува на три магистрали по кои хомо сапиенсот јури кон својот крај: максимирањето на профитот како основен генератор на развојот, загаденоста и климатските промени кои се спуштаат како пердињата на грамзивоста меѓу очите на луѓето и нивните хималаи и, трето, необјаснивата страст да ја маргинализира паметта и општите работи да им ги препушта на циркузанти (Радман). Како во некоја сеопшта и несопирлива декадентска баханалија. Добро, и вестфалската организација која е во трагичен несклад со техничкиот и технолошки развој.

Основната порака на учителот е: вразумете се!

Се поголеми ресурси им предавате во рацете на се поглупи луѓе!

Кои не само што се глупави, туку се и амбициозни!

Тоа е најстрашната комбинација.

На македонски тоа би значело: девмровизирајте се!

Што е многу поширока задача отколку што е тоа растурањето на вмро-дпмне.

Затоа што битниот проблем тука е смртоносната вмронска култура.

Мислев дека Кнезот Михајло е мртов. За госпоѓата Филис не бев сигурен, но за Михајло-да. Сонував дека се уште е цел: црвите одбивале да го јадат затоа што им предизвикувал запек. Бетон на шупакот. Како кај излезниот отвор на македонското правосудство. Со таа разлика што правосудните црви се накркаа од возбудливиот дух и непосредното присуство на Мики, Сашо и, натурлих, Грујо. И, еве, три години се затнати. Само од време навреме, со силно напнување, вратните жили кога пукаат, ќе исцедат троа правда.

Таа анамнеза прави од Мики највисокопласиран злосторник надвор од Фамилијата, можеби треба да го туриме едно место над петопласираниот Срѓан. Кога ќе им ги клистираат затнатите системи во правото и во медиумите, би било праведно ако првиот млаз ги избања нив.

Читам дека бил админ на порталите од кои секоја секунда врз општеството се исфрлаат по неколку кофи специфични вируси, познати како мозочни корони. Гребат по сивата маса на луѓето како оние машините што го одлепуваат асфалтот од улиците. Интервенираат во стварноста и се обидуваат да ја обликуваат. Па ја тераат да ја троши енергијата во секојдневни напади врз тие ветерници. И, оваа тоа го прави. За жал. Не се работи само за фејкови, туку за осмислен обид да се произведе и наметне една стварна нереалност со идеја да се десубјективизира заедницата, да и се изгаснат сите светилници, да се разори, да се деморализира, да и се спушти отпорот, луѓето да направат дистанца од себе без физички карантин, а тие од луѓето да направат пластелин за своите уроци по Општо терористичко образование (ОТО). Тоа е злосторничкиот проект. Потфатот на Фамилијата во услови на опозиција. Со пари што се изнесени во најголемата пљачка во Европа, па сега се враќаат.

Слушам дека Михајло Мики Мики бил и автор, не сум сигурен, но тоа не е ниту важно, важно е дека човекот не само што не е мртов туку е вклучен, како никогаш да не бил исклучен, во новиот коронски напад врз мозокот на луѓето. И, еве, заедно со своите соборци, доведоа многу пациенти во ситуација во која се болните од обичната корона кога ниту респираторни машини не можат да им помагаат.

Деновиве беа објавени списоци на сите акаунти-имиња, админи и автори на вморонските портали на злото, односно на поединци кои имаат пристап да пишуваат, објавуваат и контролираат вести директно на овие портали во кое било време и од кое било место. Мики е на тој список. Замислете. Човек би рекол, па добро имаат луѓето дописник од оној свет, што не ти е јасно. Се ми е јасно, сеедно дали е закачен од Бутел или од некој пентхаус во Скопјанг, тој е тука да администрира. Малку советува во градот, можеби и во партијата, малку селектира вести, малку пишува. Заедно со добар дел од политбирото на вмро и уште една мала и добро позната сурија интелектуални гниди и скакулци, вкупно не повеќе од шеесетина луѓе, успеале да остварат невидено единство на политиката, идеологијата, оперативата, медиумите, пандемијата, правосудството, обезмозоченоста, Лигњата, Илче, Коњот од Паланечко, Ками Шева, луѓето што ги гледаме по телевизиите, на кадровските листи на вмро, на лидерските средби, во тоа што се пласира по порталите, во политиката. Всушност, тоа е вмро. Мала и многу преценета, група одметници од законот и од здравиот разум, од нормалноста и моралноста.

Во овие услови вмро е средство за компромитација на власта, не за компромитација на вирусот, обратно, тие се некоја форма на артилериска подготовка за нападите на короните. Нивните подржувачи викаат “ура” затоа што се издресирани да не мислат на ништо друго кога ќе ги викнат да стрелаат од дебелите берти, за да обезбедат што е можно поширико и подлабоко, поразорно, навлегување на обичната и мозочната корона во длабочината на сенародните позиции.

Тоа е како Ле Пен во Франција или АФД во Германија да вршат авионско запрашување со корони, додека долу на земјата делат маски, ја од Јанша, ја од Орбан.

Обаче, лудоста во нашите редови е единствена.

Хахаха!

Само уште нешто: тоа како функционира здравствениот систем, министерот Филипче и неговата екипа, е пример како Македонија треба да се бори не само против короната, туку и против коронарните модели на вмро кои во оваа битка се јавуваат како отежнувачки импути: со стручност, висок професионален морал, без страв од болеста, со благородна супериорност во однос на злонамерноста на говњарите, со дистанца, со ментална маска кога се стапува во контакти со ваквите ѕверови.

Го читавте ли Буковски: изолацијата е дар, се друго е проба на вашата издржливост.

Јас се надевам дека наскоро ќе излеземе да пробаме колку живот можеме да поднесеме на слобода и колку животот може да не поднесе нас.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk