ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Работниците да не потпишуваат спогодбен отказ од работа, бидејќи во тој случај не им следува паричен надоместок

Работниците не треба да прифаќаат какво било условување од работодавачите поврзано со исплата на плата. Со вториот сет мерки за справување со економските последици на кризата предизвикана од коронавирусот, предвидена е директната помош од 14.500 денари за месеците април и мај, за исплата на вработените во фирмите погодени од кризата.

April 12, 2020 07:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Работниците не треба да прифаќаат какво било условување од работодавачите поврзано со исплата на плата. Со вториот сет мерки за справување со економските последици на кризата предизвикана од коронавирусот, предвидена е директната помош од 14.500 денари за месеците април и мај, за исплата на вработените во фирмите погодени од кризата. Како алтернатива на оваа мерка, компаниите можат да изберат да ја користат мерката за покривање на 50 отсто од придонесите на платите на своите вработени, порачуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар посочува дека во случај кога газдата ги условува работниците дека ќе им ја исплати утврдената плата за април и мај ако потпишат спогодбен отказ, тие треба тоа да го пријават во Државен пазарен инспекторат.

Од аспект на заштита на работниците, многу е важно работниците да не потпишуваат спогодбен отказ од работа, бидејќи во тој случај на лицето не му следува паричен надоместок преку Агенцијата за вработување. Затоа, на работодавачите им се препорачува, во овој период, доколку немаат друга можност и се принудени да го отпуштат работникот, тоа нека го направат со негово прогласување за технолошки вишок.

Бајрактар додава дека секое лице кое не работи, доколку сака да биде евидентирано како невработено лице, треба да се пријави во Агенцијата за вработување, односно во центарот за вработување според местото на живеење. Невработените лица, кои согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност ќе се стекнат со право на паричен надоместок, остваруваат и право на здравствена заштита,  а останатите невработени лица за остварување право на здравствена заштита треба да се обратат до Фондот за здравствено осигурување.

Граѓаните кои останале без работа имаат право на паричен надоместок во висина од 50 проценти од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци, доколку претходно биле во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Надоместокот се исплатува согласно годините работен стаж. Граѓаните треба да го поднесат барањето до Центарот за вработување во местото каде живеат.

За оние работници што останале без работа, а немаат стаж од девет месеци или биле дел од неформалната економија, за нивните домаќинство е предвидена гарантирана минимална помош (ГМП). Со новата уредба со законска сила, за добивање минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано од последниот месец, наместо досегашните три месеци.

Кога станува збор за платеното отсуство од работа на еден родител на дете до 10 години или активно четврто одделение, постапката се регулира со потврда дека детето редовно посетува градинката или училиште и лична писмена изјава на родителот дека тој ќе се грижи за детето. Освен лична писмена изјава која родителите треба да ја достават до секторите за човечки ресурси во компаниите каде работат, по завршувањето на времените мерки треба да доставите и потврда издадена од градинките/училиштата соодветно за периодите кој родителот ја користел мерката. Родителите можат и наизменично да ја користат мерката за ослободување од работа на еден родител на дете до 10 годишна возраст.

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ смета дека оваа мерка се имплементира без посебни потешкотии и во јавниот и во приватниот сектор, а секаде каде има прекршување упатуваме работниците да се обратат до Државниот инспекторат за трудот.

За мајките чие породилно отсуство истекува од 18 март, Владата донесе мерка за пролонгирање на платеното отсуство од работа, се до истекот на траење на времените мерки. Продолжувањето на породилното отсуство се регулира преку Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Со Уредба од Владата, лицата што се опфатени со мерките од Ковид-19 неискористениот дел од годишниот одмор за 2019 наместо до крајот на јуни, поради вонредната состојба, треба да се искористи до крајот на мај 2020, а првиот дел, односно две едноподруго работни недели, од овогодишниот одмор, да го земат до 30 јуни 2020 година. Лица опфатени со овие мерки се бремените жени, хроничните болни и родители со деца до 10 години, кои не можат да вршат работа од дома.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

„Л’Екип“ го одбра тимот на сезоната од Лига 1

НАЈНОВО

Никовски и Хајдари најбрзи на пет километри на Виз Ер Скопски маратон

October 5, 2025

Студено наутро, сончево во текот на денот

October 5, 2025

Привремен сообраќаен режим за 21. Виз Ер Скопски маратон

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk