коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Се јави на Твитер Илија Димовски, драги мои, го брани народот од Армијата, ја штити Илија демократијата и се повикува на Уставот.
И тоа се загржил за слободата на моите прилепчани, за мојот Прилеп се грижи. Знаете, она откако стави ред од позицјата која ја имаше дури беше на власт режимот на Груевски од кој тој бше една од најсилните карики и истурен во првите редови.
Само да се потсетиме, Илија Димовски тогаш беше директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Да, се сеќаваме каков ред и дисциплина ни направи Илчо во медиумскиот простор.
Немаше „трте-мрте“ со Илија, ни мрдање „лево-десно“. Добро, имаше „трте во десно“ мрдање, ама не смееше да има отстапување од тоа. Илија трте, Латас, Ивонче анд компанија мрте. Онака, армиски дисциплинирано го тераше Илчетоа и под команда одеше:
На ДЕСНО порамнај се!
КУРТОН медиуми, строј!
Такви беа наредбите што Илче наш тогаш ги пласираше, а сите сме сведоци дека добро му одеше тоа. Алал дисциплина Илија, војничка.
Е, сеа тој партиско-медиумски генерал-мајор задње класе, вели се газел Уставот, дека се ангажирала Армијата да спроведува ред пред маркетите и пред банките во Прилеп. Онаа силна армија од цели 15 војници ангажирана во Прилеп за да помогне да држат граѓаните дистанца пред банки и маркети била закана за Уставот и државата?!
Па вели умен тој, загрижен човек за нашите демократски права и слободи:
АРМ може да превземе чување на граница, стратешки објекти, државни згради,
но да воведува ред пред маркети и банки е надвор од здравиот разум.Нема да коментирам повеќе,
но Уставот можете да го заборавите и така пола повеќе не го сакаат, а другата половина не го почитуваат.— Ilija Dimovski (@ilijadimovski) April 13, 2020
Ќе му шепне ли некој на Илија дека има пандемија од вирус во светот од која се заразени околу 1.9 милиони луѓе, а околу 120.000 се починати, вирус за кој нема вакцина, а се пренесува толку лесно како ништо друго претходно. Ќе му шепне ли некој на Илија дека имаме вонредна состојба воведено во државата и дека тоа за жал значи ускратување на движења и други слободи со цел да се заштити здравјето и животот на граѓаните.