Во време кога се соочуваме со пандемијата на корона вирусот, специфичните услови во кои се одвива образовниот процес, се поставуваат одредени прашања за кои навремено треба да се донесат соодветни одлуки, а ставот на СДСМ е дека не треба да има државна матура оваа учебна година, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
„Бараме укинување на државната матура за оваа учебна година, поради условите во кои се одвива образованиот процес, придизвикани од
Сите ученици треба да се ослободат од полагање на државна матура, а факултетите каде ќе има голема конкуренција за упис, селекцијата да ја направат преку приемен испит.
На овој начин ќе ги поддржиме учениците, матурантите, имајќи ги предвид специфичните услови во кои се одвива образовниот процес и водејќи грижа за нивното здравје.
Сметаме дека ова е најисправната одлука имајќи ги предвид сите аспекти на кризата од коронавирусот за која очекуваме да се произнесат и надлежните институции.“ истакнува генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски