ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Состојба со корона вирусот во светот до 17 часот

Бројката во светот надмина 2 милиони, а жариштето се премести во САД, каде починати се над 25.000.

April 15, 2020 16:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразени 2.025.004 лица. Од нив починати се 128.987, а оздравеле 492.833 луѓе.

– Од вчера во Велика Британија починаа 761 лице, со што вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во таа земја се искачи на 12.868. Бројот на позитивни случаи во последните 24 часа изнесува 4.605, па вкупниот број заразени во Велика Британија се зголеми на 98.476 лица.

– Американската одлука за стопирање на финансирањето на СЗО нанесува удар на меѓународната соработка која е нужна во борбата против пандемијата на корона вирус, предупредија голем број влади и здравствени експерти. Единствена грижа на СЗО е помош при спасувањето животи и ставање крај на пандемијата на Ковид-19, порача на Твитер претседателот на таа агенција на ОН Тедрос Тедрос Адханом Гебрејесус, не спомнувајќи ја американската одлука.

– Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел изрази жалење поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за запирање на финансиската поддршка за СЗО. – Длабоко жалам поради американската одлука за премин на финансирањето на Светската здравствена организација. Нема причина која би го оправдала таквиот чекор, во момент кога помош во сузбивањето на пандемијата на корона вирус е попотребна од кога и да е. Единствено со заеднички сили можеме да ја надминеме оваа криза, која не познава граници, порача Борел преку Твитер.

– Велика Британија не планира запирање на финансирањето на СЗО, која има важни улоги во водечкиот глобален здравствен одговор, изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

– Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас упати остра критика по одлуката на Трамп. – Една од најдобрите инвестиции во борбата против пандемијата е јакнење на ОН, посебно недоволно финансираното СЗО, на пример за развој и дистрибуција на вакцини и тестови, истакна Маас.

– Руската новинска агенција ТАСС објави дека потегот на Трамп за Москва е „себичен“ и „многу алармантен“.

– Новиот седумгодишен буџет на Европската унија ќе биде нејзин одговор на коронакризата и ќе мора да послужи како лост за големи инвестиции, чија вредност ќе биде изразена во трилиони, а не милијарди евра, изјави претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен.

– Кони Титчен, 106-годишна жена од Велика Британија отпуштена е од болница после три недели. Таа се опорави од корона вирусот.

– Србија потврди 408 нови случаи на заразени со корона вирус. Во таа земја вкупно се заразени 4.873 лица. Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека во домовите за нега на стари и изнемоштени лица заразени се 234 корисници и 32 вработени. Во србија хоспитализирани се 3.245 заразени. Во последните 24 часа починале пет лица, со што смртниот биланс од Ковид-19 во Србија се искачи на 99.

– Од вчера до денеска Холандија потврди нови 734 случаи на корона вирус, со што вкупниот број се зголеми на 28.153 лица. Освен тоа, во последните 24 часа починаа 189 лица, а вкупниот број смртни случаи изнесува 3.134 лица.

– Африканската подружница на СЗО ги предупреди граѓаните на тоа дека конзумирањето алкохол не штити од корона вирус и потенцира дека 5Г мрежите не помагаат за ширењето на вирусот.

– Повеќе од милион луѓе се заразени со корона вирус во Европа, што претставува над половина од вкупниот број заразени во светот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk