Оние даночни обврзници кои што се во фаза на репрограм ако имаат две последователни месечни рати неплатено тоа не значи дека ние ќе им го заплениме имотот, ние во моментов во УЈП подготвуваме уредба согласно законот за даночна постапка во која што сакаме таксативно да ги наведеме сите оние олеснителни околности кои што ќе се одвиваат баш во овој сегмент на присилна наплата, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска во гостувањето во ВИн вин на ТВ Телма.
Да не заборавиме дека исто така каматата за ненавремено плаќање на даночните долгови дека е намалена од 0,03% на 0,015% и тоа исто така допринесува во одреден сегмент да им погомне на фирмите, истакна Лукаревска.
Со самото земање на замав на кризата го видовме и првиот пад. Многу битен факт во креирањето на добра наплата е и дека нема присилна наплата, нема блокирање на сметки, ниту заплена на имот, целиов период од кога навлеговме во кризата предизвикана од коронависрусот, посочи директорката на УЈП Лукаревска