ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Уредбите на Владата важат и за припадниците на која било вероисповед

Оваа година црквата ќе мора да се сообрази со правилата кои важат за сите останати. Заради пандемијата, многу права на сите нас ни се или одземени во одреден временски период или редуцирани, како што е, на пример, правото на слободно движење или правото на образование кои се уставно загарантирани, но, во овој период сите ние имаме повисока цел – да ги сочуваме животите и здравјето на нашите луѓе, се разбира, вклучително и на верниците, истакна Пендаровски во обраќањето по седницата на Советот за безбедност

April 16, 2020 18:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа година црквата ќе мора да се сообрази со правилата кои важат за сите останати поради пандемијата, а заради повисока цел – да ги сочуваме животите и здравјето на нашите луѓе, се разбира, вклучително и на верниците, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

-На верниците од православна вероисповед да им го честитам големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, кој традиционално го одбележуваме со редовна служба во црквите и средби со најблиските. Оваа година црквата ќе мора да се сообрази со правилата кои важат за сите останати. Заради пандемијата, многу права на сите нас ни се или одземени во одреден временски период или редуцирани, како што е, на пример, правото на слободно движење или правото на образование кои се уставно загарантирани, но, во овој период сите ние имаме повисока цел – да ги сочуваме животите и здравјето на нашите луѓе, се разбира, вклучително и на верниците, истакна Пендаровски во обраќањето по седницата на Советот за безбедност.

Во нашата заедничка држава, рече, ниту една религиозна заедница не е над другите, ниту еден верник не е поважен од некој атеист и обратно.

-Еве за една недела од сега почнуваат Рамазанските пости кои исто така оваа година за прв пат ќе бидат во услови на вонредна состојба со сите правила и ограничувања кои таа ги наметнува врз сите нас. Една работа мора да ни биде јасна – само заеднички и со максимален респект едни кон други можеме да ја надминеме оваа криза, порача Пендаровски.

Тој на новинарско прашање појасни дека мерките на Владата важат еднакво за припадниците на која било вероисповед.

-Правилата, прописите, уредбите со законска сила кои Владата ги носи важат и за нив, важат за мене, за кој било во државата.Тие мора да се почитуваат без резерва, нагласи шефот на државата.

Тој како пример укажа дека и Папата сам ја држел велигденската миса прв пат во историјата на таа религија, а и властите на Саудиска Арабија, која е седиште на најсветите места за Исламот – Мека и Медина, кои секоја година ги посетуваат милиони верници, на 20 март оваа година, донесоа одлука со која ги затворија двете најсвети џамии за секој муслиман во светот.

Потсети и дека раководствата на МПЦ и ИВЗ во сите свои јавни објави досега ги поддржуваа мерките на Владата и апелираа до верниците најголемите празници за двете религии да ги поминат во домашни услови или со почитување на препораката да нема повеќе од петмина во ист простор.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

June 29, 2025

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ

June 29, 2025

Ѓоковиќ вели дека се чувствува добро пред стартот на Вимблдон, Алкараз полн со самодоверба

June 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервјуто на Џабир Дерала за украинската агенција „Укринформ“ со силен одек во албанските медиуми во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски Модернио

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk