ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Спасовски: Владата ќе функционира непречено, обврските ќе ги извршувам од својот дом

Премиерот Спасовски на градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој има позитивен резултат на тестот за коронавирус, му посака успешно закрепнување и добро здравје. Воедно во пресрет на Велигденските празници, премиерот Спасовски упати апел до граѓаните сите да покажеме одговорност и да ги почитуваме препораките со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

April 16, 2020 16:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски, во видео обраќање по препораката на епидемиолозите да оди во домашна изолација истакна дека Владата ќе функционира непречено и сите работни обврски како премиер ќе ги извршува од својот дом.

Премиерот Спасовски на градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој има позитивен резултат на тестот за коронавирус, му посака успешно закрепнување и добро здравје.

Воедно во пресрет на Велигденските празници, премиерот Спасовски упати апел до граѓаните сите да покажеме одговорност и да ги почитуваме препораките со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

„По веста дека градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски има позитивен резултат на тестот за коронавирус, а со оглед на фактот дека вчера имавме средба на заедничкиот состанок на општинскиот кризен штаб, во насока на почитување на препораките на епидемиолозите – јас одам во домашна изолација.

На градоначалникот Димитриевски му посакувам успешно закрепнување и добро здравје.

Од мојот дом непречено ќе ги извршувам сите мои работни обврски како премиер.

Владата ќе функционира непречено, преку интернет конференциската врска и ќе ги извршуваме секојдневно обврските и приоритетите во овие вонредни услови. Кризниот штаб и Владата, како и во изминатите денови ќе се состануваат секој ден, преку видео врска.
Ширењето на коронавирусот ни е во рамки на очекуваното. Анализата покажува дека земјата ни се движи според проектираното контролирано сценарио, без екстремно висока експанзија на новозаболени. Од друга страна, расте бројот на излечени. Пред два дена сите се израдувавме, имавме 42 оздравени наши граѓани само во еден ден.

За ја задржиме постоечката контрола врз ширењето, и за да дојдеме до моментот кога бројот на излечени ќе станува поголем од бројот на новозаболени, мора секој од нас да даде придонес.
Потребен е сериозен и одговорен однос од секој од нас. Само така ќе успееме.

Нема простор за импровизации, ниту за пропусти.

Физичката дистанца од два метри сите да ја разбереме како правило. Не е тешко. Отстапете два чекори од лицето до вас или побарајте другите да го направат тоа. Нема лутење, за здравјето се работи. За животот ваш, наш, мој, твој, за животот за сите граѓани се работи.

Во пресрет на Велигденските празници, да покажеме сите ние одговорност, смиреност и да ги обезбедиме неопходните намирници и потреби за периодот кога целосно ќе се ограничи движењето од петок во 16 часот до вторник до 5 часот наутро.

Да го направиме тоа во достоинствен ред. Со два метри дистанца од секого. А, маркетите и другите продавници задолжително да се погрижат за редот и дистанцата. Маркетите се добро снабдени, секој ќе може да го набави потребното. Само трпение, дистанца и почит кон другите. Тоа ќе ни донесе здравје.

Почитувани граѓани,

Мерките важат за сите. Ама за сите. Не смее и нема да има привилегирани. Нема да отстапиме ни педа. Забраната за движење е забрана за сите. Забраната за групирање е забрана за сите.
Здравјето и животот, тие се единствените причини за овие забрани. Забраната за движење и за групирање значи и забрана за неконтролирано ширење на вирусот.

Свесен за сите дилеми кои деновиве се отворија околу начинот на практикување на верата среде криза и за време на Велигденот, ве уверувам – има начин. Целиот свет поинаку го чествува Велигден оваа година. Исто ќе биде и кај нас. Ќе се помолиме во домовите, во најтесниот круг на семејството, наместо во храмовите. Во храмовите ќе бидат свештениците и тие од таму ќе ги пратат своите пораки и молитви. А ние, мора да останеме во домовите. Нема импровизации со оваа работа. Тој што ќе отстапи го загрозува своето здравје и здравјето на своите блиски. Тој што ќе отстапи и ќе се однесува несериозно, загрозува живот. Да не си играме со здравјето и животот.

Сите вие знаете дека ова можеме да го изведеме. Со верба, со внимателност, со трпение и со одговорност. Ајде да ја завршиме заедно оваа работа што поскоро, за да дојдат моментите на стабилизирање и намалување на рестрикциите.

Да, животот се промени, но така е во целиот свет. Да го прифатиме овој предизвик и да го решиме со успех.

Чувајте се, држете дистанца и останете дома и во добро здравје.“, истакна премерот Оливер Спасовски

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk