ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Здружението на хемиската индустрија покренува иницијатива да се дозволи извоз на средства за дезинфекција

Со оглед на тоа дека во земјата има доволни количини за сите потребни дезинфициенси, производителите бараат да се тргне забраната за да можат да извезуваат слични производи и надвор.

April 16, 2020 15:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на хемиската индустрија при Стопанската комора на Македонија бара да се укине забраната за извоз на средства за дезинфекција. Станува збор за овозможување извоз на гел и спреј за дезинфекција на раце, како и раствори и концентрат за дезинфекција.

Како што изјави денеска советникот за економски прашања на Управниот одбор на Комората, Зоран Јовановски, ова барање се иницира во услови кога има сознанија дека на странските пазари постои побарувачка за вакви средства за дезинфекција.

-Се разбира, прв чекор во оваа ситуација е надлежните државни институции да ја оценат состојбата на домашниот пазар за вакви производи, со цел таа во ниту еден момент не биде загрозена. Доколку надлежните државни институции оценат дека состојбата со средства за дезинфекција на домашниот пазар е стабилна, тогаш е логично да се одобри извоз на овие производи. Извозот на средства за дезинфекција всушност би го следел примерот на дозволениот ограничен извоз на заштитни маски, којшто во моментов е во важност. Притоа, за да се зачува репутацијата на нашата земја на странските пазари дозволата за извоз треба да се однесува на средства за дезинфекција кои имаат дозвола, односно решение од Министерството за здравство за ставање во промет на вакви производи, истакна Јовановски.

Според него, доколку во иднина неочекувано се појави ургентна потреба за заштитна опрема, таа ќе може да биде набавена од земјите-членки на Европската унија согласно одлуката на Европската комисија со која почнувајќи од 26 април, земјите од Западен Балкан ќе можат да увезат заштитна опрема од ЕУ. Единствено, предмет на посебни дозволи во ЕУ остануваат заштитните маски.

-Во целата оваа ситуација битен фактор е и брзината на носење на одлука од надлежните државни институции за да се искористи правовремено можноста за извоз, напомена Јовановски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk