Креативни совети за престојниот 85 часовен празничен карантин кој на ниво на цела држава стапува на сила од денес (петок, 17 април) и ќе трае до 5 наутро во вторник.
Советите се идеја на режисерката и психолог Драгана Гунин, а дизајните ги изработи Теано Кардула.
Во статус на Фејсбук, Кардула ги сподели креативните постери на кои се симпатично напишани совети за активности во текот на карантинот.
„Од денес од 16 часот ни следуваат 85 часа карантин. Иако целта е да ни се заштити физичкото здравје, сепак дел од граѓаните во 4 ѕида ќе водат битка со сопственото ментално здравје. Иако целта е да ни се заштити физичкото здравје, сепак дел од граѓаните во 4 ѕида ќе водат битка со сопственото ментално здравје. Нашата Драгана Гунин @gunin___ (психолог) подготви совети како да си го чуваме менталното здравје во овој специфичен период.
Чувајте се! И сè ќе биде добро“ – напиша Теано Кардула.