„Дебар и Центар Жупа е модел во кој мерките дадоа резултати. Општините, заедно со институциите на Владата постигнаа многу. Физичката дистанца во Дебар прво беше тешко да се оствари, но после стана навика. Обезбедивме државен карантин на близу 3 илјади репатрирани граѓани и така спречивме создавање на нови кластери кои ќе го шират вирусот.
Да продолжиме да ги почитуваме мерките и во деновите веднаш после празнииците. Еве, апелирам тутунарите на кои денеска им се исплатени субвенциите, да го почитуваат мерките за азбучен ред според кој ќе имаат пристап до банките за да ги подигнат своите средства.
Исто така ги повикувам граѓаните да ја користат апликацијата СтопКорона за да им помогнеме на епидемиолозите Ништо нема да биде исто, и некои правила од оваа ситуација ќе мора да ни станат рутина“, истакна Радмила Шекеринска, министерка за одбрана во вотирот дел од видеосесијата „Ретроспектива: корона вирус МК“.