Денеска во 13:30 часот, преку онлајн стрим на прес видеосесија КОВИД-19, на тема „Ретроспектива: коронавирус МК“ ќе зборуваат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче.
Во првиот дел Филипче, Османи, Шекеринска и Спасовски ќе зборуваат ретроспективно за националниот опфат во однос на здравствените мерки и организација на здравствениот систем, на Армијата во справување со корона вирус, на меѓународната помош и донациите и на економските мерки и осврт на целокуната поставеност на Владата за време на борбата со кризата.
Во втор дел кој ќе започне во 14:20 часот ќе се зборува ретроспективно за локалниот опфат на корона вирусот во Дебар, Куманово, Тетово, Скопје и другите потенцијални жаришта.