Годинешното издание на Comic-Con е откажано. Низ САД има неколку помали изданија на Comic-Con, пред главното кое секоја година се одржува во Сан Диего и е место каде промотивно се презентираат најави за најочекуваните филмови и серии.
Главниот настан кој ги собира сите најпознати и најактуелни имиња во филмот, телевизијата и генерално во поп културата, оваа година, прв пат во својата 50 годишна традиција нема да се одржи, соопштија во петокот организаторите на настанот.
Comic-Con требаше да се одржи во јули годинава. Настанот привлекува десетици илјади фанови кои доаѓаат облечени како своите омилени ликови и во периодот додека трае саемот, тие се буквално насекаде, по улиците, во рестораните и хотелите, итн.
Следниот Comic-Con Сан Диего е закажан за 22-25 јули 2021, стои во соопштението од организаторите.
Извор: Reuters