Во Вилнев ла Гаран, предградие на Париз втора ноќ по ред има судири помеѓу полицијата и група млади лица.
Ригорозните мерки на карантинот можат да го загрозат тешко воспоставениот мир во сиромашните квартови во Париз.
Во саботата вечерта судирите избиле откако мотоциклист удрил во отворена врата на полициски автомобил без ознаки. Ситуацијата се смирила дури во утринските часови во неделата, за подоцна повторно група млади лица да се судрат со полицијата.
Fransa’da polis gaz atıyor halk havai fişek..#VilleneuveLaGarenne pic.twitter.com/ax8xPridRk
— Gülsüm Sultan ® (@qtatlipinar) April 19, 2020
Групата фрлала петарди врз полицијата и палела канти за смет, а полицајците одговориле со солзавец.
Полицијата соопшти дека работи на смирување на тензиите во париското предградие Вилнев ла Гаран и оти во тек е истрага.