Времето ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 7 степени, а дневната температура од 17 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде облачно и од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 20 степени.
Врнежите преку ноќта кон вторник и во вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни и ќе дува засилен повремено силен југоисточен ветер.