ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Паметен тоалет на иднината – снима, анализира и предупредува на десет различни видови болести

Овој експериментален модел ги идентификува своите корисници врз основа на нивните уникатни отпечатоци на прстите  и анални отпечатоци.

April 20, 2020 07:21
in TECH FRONT, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Со напредокот на науката и технологијата нашето одење во тоалет во иднина би можело да претставува не само олеснување за нашиот организам, туку и ослободување од некои стравови за нашето здравје. Научниците од Универзитетот Станфорд конструирале паметен тоалет што може да го анализира изметот и урината и да предупреди на различни болести, како и некои облици на рак.

Овој експериментален модел ги идентификува своите корисници врз основа на нивните уникатни отпечатоци на прстите  и анални отпечатоци. Во последните неколку месеци, откако  е направен, тоалетот го користеле 21 учесник во тестирањето, чии резултати се објавени во научното списание „Биомедицински инженеринг на природата“.

Професорот по медицина Сањив Сем Гамбир, еден од авторите на овој проект, тврди дека паметниот тоалет е совршен начин за собирање на оние видови здравствени податоци што најчесто се игнорираат, а да неговиот корисник не мора да прави ништо посебно, освен тоа што го прави секој ден.
Овој концепт е смислен пред повеќе од 15 години. Кога и да се спомнел луѓето се смееле, бидејќи им звучело како интересна, но и малку чудна идеја, објаснува Гамбир и додава „Јасно ни е дека тоа звучи чудно, но излезе дека аналниот отпечаток, исто така, е единствен. Скенирањето се користи само како состав за препознавање, за да можат податоците за корисниците сигурно да се сочуваат“.

Паметниот тоалет е конструиран врз основа на класични тоалетни школки, на кои се додадени напредни сензори за движење, инсталирани се во внатрешноста и ја снимаат урината и изметот на корисникот. Потоа алгоритми ја анализираат видео снимката од урината и изметот и  го бележат времето на траење на уринските испарувања и карактеристиката и брзината на столицата, пишува СиНет.

Собраните податоци за фекалните секрети на корисникот, паметниот тоалет ги испраќа до безбеден клауд систем, за потребите на нивното евидентирање, архивирање и понатамошни анализи.

Последователно, системот дава биохемиска анализа за примероците кои според истражувањата можат да откријат и до десет различни видови болести, меѓу кои се откажување на бубрезите, рак на мочниот меур и бројни инфекции.

Нејшенел Џеографик, Вашингтон / МИА

Next Post

Состојба на патиштата

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk