Сопствениците на некои плажи во Италија почнаа да ги местат лежалките во пресрет на новата летна туристичка сезона, јави дописникот на МИА.
Согласно препораките за физичка дистанца, лежалките и чадорите за сонце се на растојание од три метри, а се направени и посебни коридори за оние кои ќе сакаат да влезат и искапат во море.
За летната сезона се подготвуваат и хотелиерите, кои најавија дека оваа година ќе биде различна од претходната, секако поради епидемијата на новиот корона вирус.
Пред неполна седмица, беа презентирани идеи и решенија за организирање на просторот и одржување на потребното растојание на плажите за престојната туристичка сезона. Не се знае дали ќе биде усвоен некој од предлозите како примерот подолу.
И покрај тоа што се свесни дека приходите од туризмот ќе бидат далеку под ланските, туристичките работниците се надеваат дека ќе можат сепак да остварат некаква добивка, која ја очекуваат највеќе од домашните туристи.