ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зошто пулените на ВМРО-ДПМНЕ секогаш нѐ потсетуваат на нивната „агресивна природа“?

April 20, 2020 21:21
in ESPRESSO, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Во едни околности на светска пандемија, настаните во нашата, но не само во нашата, туку и во сите држави се одвиваат со темпо и динамика кое ако не се следи и навреме не се одговори на предизвиците, не само што ќе се изгуби континуитетот, туку ненавремено, несоодветно или воопшто никакво реагирање од страна на надлежните институции може да има катастрофални последици по безбедноста, здравјето и животот на граѓаните.

Она што може да се забележи од овие неколку месеци откако пандемијата завладеа и со нашите животи, е тоа дека и покрај сите напори на министерот Филипче, Премиерот и владиниот Кризен штаб, има една очигледна „карика“ во Владата што не е способни да го следат текот на настаните и соодветно на тоа да реагира.

Министерот за внатрешни работи едноставно по сѐ она што го гледаме не е способен да одговори на предизвиците што една ваква вонредна ситуација ги бара од министер кој нели е првиот полицаец  задолжен за редот во државата.

Така, поради неспособноста на Чулев ќе ни се случува оро на сред полициски час, а на тоа ќе реагира полицијата после којзнае колку време откако целата лакрдија веќе е завршена и е загрозено здравјето на цел еден град. Така, под водство на првиот полицаец Чулев ќе се апси момче со две „Марици“ и со дузина полицајци од единицата за интервентна полиција (бивши Алфи), а „гревот“ на момчето е што си го шетал кучето дваесетина минути порано од предвиденото.

Ако ви треба Чулев, побарајте го на аеродром, сигурно чека помош од Орбан или од Јанша, од Путин или од кинезите! – во шега коментираат на социјалните мрежи.

Добро забележале граѓаните, првиот полицаец секогаш ќе го има кога треба да се пречека некоја „сестринско партиска помош“ но никаде ќе го нема кога навистина треба да си ја работи неговата работа.

На реакцијата на медиумите и јавноста одма одговорија од МВР и заменичката министерка Славјанка Петровска, која го искажа своето несогласување со прекумерната употреба на сила, но не и Ќулев, министерот Наќе Чулев никаде го нема.

Никако кутар министер да го погоди вистинскиот момент, велат на социјалните мрежи – или го нема никаде, или го има со прекумерна полициска сила – десет полицајци да уапси едно момче што подранило да го шета кучето, а и не покажувало отпор при апсењето.

Сакале или не, во едни вакви моменти не може а да не ни се вратат оние ужасни снимки од сопартијците на Чулев, кога полициските специјалци направија лом и изудираа студенти во читалната од библиотеката „Браќа Миладиновци“. Се сеќаваме и на она газење и шутирање на младите што не даваа да се наместат студентските избори, а овие пак со специјалците на чело ги штитеа тогашните режимски студентски лидери додека тие ги местеа резултатите од изборот.

Зошто овие избрани пулени на ВМРО-ДПМНЕ имаат секогаш потреба да не потсетуваат на нивната „агресивна природа“, никогаш нема да разберам, но за жал, не престануваат да го прават тоа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

МВР со проверка на исправноста на апсењето на момчето со куче, Славјанка Петровска со критики за полицајците

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk