Многумина од нас нема да можат во целост да уживаат во убавините на природата оваа среда, 22 април, за Денот на планетата Земја, нашиот заеднички дом.
НАСА, заедно со Природонаучниот музеј на Америка во Њујорк и уште неколку организации нудат онлајн активности преку кои може да се научи нешто повеќе за нашата планета. Проектот ја нагласува и потребата за грижа која им е потребна на сите растенија, животни и широки пространства низ светот.
Разновидни едукативни содржини се вбројуваат во Пакетот за 50-годишнината чија цел е преку кратки извадоци од најважните информации да ги информираат младите, но и сите останати.
НАСА, исто така, започна кампања #EarthDayAtHome.
Денот на „Сината планета“ прв пат бил прославен пред 50 години, на 22 април 1970.
А. Н. С