Овогодинешниот Октоберфест е откажан поради пандемијата на корона вирус, соопштија властите во германската покраина Баварија.
Познавачите оценуваат дека откажувањето на светски познатиот фестивал на пивото, ќе има огромно влијание на економијата на градот Минхен.
Обично, во тоа време од годината, најмалку шест милиони луѓе ја посетуваат Баварија.
Фестивалот којшто трае две недели, и се одржува под шатори со долги дрвени маси, на Минхен му носи приход од над милијарда евра годишно.