ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Репортери без граници: Скок од три места, С.Македонија со подобрен индекс за слобода на медиумите

Од 95-то, земјава сега е рангирана на 92-то место со средна оценка од 31,28 поени

April 21, 2020 08:07
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија за една година се искачи три места погоре на Светската листа на слобода медиумите за 2020 што ја изготвува невладината организација Репортери без граници со седиште во Париз. Од 95-то, земјава сега е рангирана на 92-то место со средна оценка од 31,28 поени, јави дописникот на МИА.

Во делот за Северна Македонија насловен „професијата се организира“, се наведува дека „владата не го смени законот за јавни медиуми, а реформата на јавниот радиодифузер е запрена. Неговите програми им служат на интересите на поранешната конзервативна партија на власт, на ВМРО-ДПМНЕ. Актуелната влада го отстрани државното рекламирање во медиумите, алатка на претходната влада за контрола на медиумите, што честопати доведе до проневера на јавните фондови“.

Репортери без граници забележуваат дека на општините им е дозволено да се рекламираат во локалните медиуми и со тоа да задржат средство за нивно контролирање. „Друга ризична одлука на владата: купување реклами во медиумите за запоснавање со достигнувањата на владата“, стои во извештајот и се додава дека Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја осуди оваа практика.

-Треба да се забележат две револуционерни достигнувања во врска со саморегулацијата и работните стандарди на професионалните новинари: од една страна, создавањето регистар на професионални мрежни медиуми кој има околу 70 члена  од страна на Советот за етика на медиумите и ЗНМ. Оваа иницијатива ја промовира саморегулацијата на медиумите со тоа што  ги обврзува да се придржуваат кон кодексот на новинарите и да ги објавуваат одлуките на Советот. Од друга страна, потпишувањето од страна на синдикатот, во соработка со ЗНМ и Советот, на Повелбата за услови за работа на новинарите со нацрт договор за фер вработување на новинари и медиумски работници во дигиталните медиуми. Оваа Повелба исто така се обврзува да ги почитува правата на новинарите и слободата на изразување, нацедува Репортери без граници.

На крајот констатираат дека физичките напади врз новинарите се смирија. „За жал, традиционалните закани и навреди од високи функционери кон печатот остануваат силни, а сајбер-нападите се во пораст“ пишува во извештајот.

Според според индексот за слобода на медиумите, од соседството пред Северна Македонија се Грција на 65-то, Косово на 70-то и Албанија на 84-то место. Следна е Србија, на 93-то место, Црна Гора на 105-то и Бугарија на 111-то место.

Прва на листата е Норвешка, а по неа се Финска, Данска, Шведска и Холандија. Последни се, на 177 место, Кина, Еритреја и Туркменистан.

Next Post

СДСМ: Ослободување на компаниите погодени од кризата од плаќање на данок на личен доход

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk