ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Гацов: Мерката за зголемување на акцизата на нафтата задоцнета, но без негативен ефект на економијата

Единствената критика, како за оваа, така и за другите економски мерки, според даночниот експерт Павле Гацов, е дека се задоцнети и дека оваа и некои други требаа да се донесат пред еден месец.

April 22, 2020 19:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Мерката зголемување на акцизата на нафтата и нафтените деривати за три денари, Владата ја донесе со цел овие средства да одат директно во буџетот за справување со корона вирусот. Оваа промена е незначителна со оглед на поевтунување на горивата за 20 денари по литар од јануари до сега, но не секој наиде на нејзино одобрување. Некои сметаат дека е позитивна, други дека таа нема да наштети на никого, но и дека нема некој голем бенефит освен буџетот наменет за справување со пандемијата. За опозицијата мерката ќе придонесе кон тотален колапс на македонската економија.

Токму на овие теми разговаравме со даночниот експерт Павле Гацов. Единствената критика, како за оваа, така и за другите економски мерки, вели Гацов, е дека се задоцнети и дека оваа и некои други требаа да се донесат пред еден месец.

Што мислите за мерката на Владата за зголемување на акцизата за нафтата и нафтените деривати?

Мислам дека мерката е одмерена, малку е задоцнета, требаше да се донесе сигурно еден месец порано бидејќи се создадоа услови со падот на цената на нафтата на светските берзи. Одмерена е разумно. Мислам дека акцизата од три денари не е посебен товар заради силното намалување на цената на нафтените деривати за 20 денари. Сигурен сум дека ќе нема посериозен импакт на приватните компании. Просторот што се создаде со намалените цени ќе го пополни државата со овие три денари со тоа што во мерката е уште подобро поради претходното зголемување што беше пред две, три години. Немаше бафер, односно механизам на менување, ако се зголемува цената, да се намалува акцизата што е фер пристап и мислам дека е фер и коректно направена. Така што ја поддржувам мерката.

Како оваа мерка би влијаела на економијата и на кои бизниси најмногу, позитивно, пред сѐ со оглед дека ја подржувате?

Мерката јас ја подржувам од аспект на фискалните рефлексии, не дека ќе влијае позитивно или негативно, туку ќе даде прилив, пари во буџетот со посебна финансиска намена, финансирање на здравствено економската криза што се случува со вирусот. Ако по кризата се случи стабилизирање на пазарот на нафта, ако почнат да се качуваат цените, што значи дека оваа мерка има третман на привремена во таков контекст, зголемените цени треба да ја намалат акцизата бидејќи така е осмислена. Ако заздравува економијата и потребата за екстерно финансирање се зголемува на некој начин, дополнително ќе биде, исто така, намалено и мерката полека да биде тргната од економскиот систем. Во оваа фаза, мерката, буквално нема да погоди никого, затоа што просторот на намалените цени сигурно е голем и нема да се одрази на трошоците на компаниите, бидејќи тие на почетокот на годината не се надевале на таков драстичен голем пад на  цената и мислам дека за овие неколку месеци на работење беа пријатно изненадени од таквото движење на цените, зборам за транспортните компании. Се разбира, . штом падна цената на нафтените деривати, логично го претворија во профит. Штом издржаа во такво време да имаат профит, ќе ги истрпат и овие три денари кога е потребно да се финансира расходниот дел од трошењето на буџетот.

На што се должи ставот на опозицијата дека ваквата мерка на Владата ќе доведе до колапс на македонската економија?

Јас не сакам да коментирам ставови. Работата на политичарите е да играат пинг –понг. Ова се пинг-понг игри и мене ми се само забава и не обрнувам внимание на сериозноста на овие изјави бидејќи во неколку реченици го поентирав тоа дека нема да има такви ефекти. Се разбира, политичарите не би биле политичари ако не се занимаваат со вакви работи. Така што „ги поддржувам, добро е за народ“  вака интересно…

Колку сте задоволни од досегашните економски мерки што ги донесе Владата имате ли предлог за некои од кои би имале бенефит во периодот што ни следи?

Од моја страна критика е дека се задоцнети, требаше малку порано да се донесат. Се разбира, ние одмеруваме мерки толку колку што ни е силата. Далеку од умот е да се споредуваме со земји каде што буџетот не во контекст на она тековно прибирање и исплатување туку создале некое салдо кое што им дава шанси можност во вакви услови да се однесуваат покомотно, иако зборот комоција е релативно непотребен. Затоа, во вакви услови, за нас е многу важно да не се изложиме премногу дури и кога се обидуваме да ја спасуваме економијата. Дел од мерките се во насока на задржување на бројот на вработени и на поддршка на оние компании кои што се најзасегнати, посебно во оној дел што значеше затворање по дифолт, по наредба, ајде да речеме условно, тие компании немаа услови да создадат ниту денар приход. Така што на нив поддршка сигурно им треба.

Во наредниот период, во трет циклус, односно сет на мерки, ќе треба државата да уредува дополнителна поддршка бидејќи ова, за жал, нема да застане по месец, два, како што оптимистички на почетокот се зборуваше. Очигледно и летово ќе биде климава работа од аспект на економијата. Затоа и ќе треба нов сет на мерки. Подобрување може да има. Веќе и комуникацијата со ММФ и Светската банка се воспоставува и тие со свои механизми, барања во координација со бизнис секторот наметнуваат и некои други правила кои што значат олеснување, подобрување, механизам на невраќање, бидејќи се нападна со дека ова е форма на заем и треба да враќаме иако не е до крај точно, има прецизно дефинирано во кој износ и кога се враќа. Доминантно не би се враќал, само по исклучок би се враќал долгот.

Во контекст на финансирањето од Светска банка, европски институции итн. ќе биде видоизменет механизмот на поддршка во смисла на олеснувања, можеби зголемувања на износот… така што да и дадеме шанса на Владата во наредниот период да го олеснува однoсно подобрува овој механизам на поддршка.

Биљана Јордановска

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костовски: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ

May 14, 2025

Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

May 14, 2025

(ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk