ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Д-р Чепреганов: Умот царува, а книгата го храни

По повод Светскиот ден на книгата и на авторското право - УНЕСКО

April 23, 2020 14:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе повеќе од шеесет години се занимавам со проблемите на созревањето на психичкиот профил на личноста, на колективниот психо-профил (популарно наречен ментален склоп на еден народ) и на цивилизациската свест со име Планетарна совест или социјално сознание за односот кон Мајката Земја. Ќе си дозволам да го елаборирам, од моето богато психолошко-психијатриско искуство само психо-профилот на личноста, вели во својата порака до јавноста невропсихијатарот, д-р Методи Чепреганов.

„Конфуциј, многу одамна, во своите капитални и вековни дела напишал дека УМОТ ЦАРУВА, А МОЌТА И СНАГАТА СЕ ГУБАТ, и ја означил најмоќната прошетка низ цивилизациските психо-емотивни основи на животот со мислата: да живееш и да постоиш значи да учиш, да работиш, да твориш, да креираш, да создаваш, да умееш, да почитуваш, да те краси емпатија, флексибилност и толерантност, значи да имаш изграден свој психолошки профил со високо инкорпорирани норми во совеста на сопствената личност.

Симбиозата на нашата психа и тело го сочинува нашето постоење, нашето огледало и експресија на мисловните капацитети и дела во нашите интерперсонални односи кон надвор. Тоа е нашата совест, фундаментален еволутивен процес при кој на психофизичката обдареност од мајката природа со текот на времето личноста насобира и во себе вградува воспитување, едукација, знаење, искуство, социјални, морални, етички и духовни норми. Таа постепено созрева во средината во која постои, во средината на фамилијата и на опкружувањето.

Тоа се насушните норми кои ја формираат психичката архитектура на една личност кои го креираат и формираат нејзиниот психо-профил.

Модерната психологија, сознанието за зрела личност го надградува: во името на зрелоста со социјално кое означува збир од ментални процеси кои поддржуваат одредени наши социјални интеракции во нашите контакти со другите, со околината, со реалноста и со осмисленоста на специфичноста на нашите намери, планови, желби, замисли, верувања, емоции и дејства.

Капацитетот на социјалната когниција во името на емоционална интелигенција, нè води сите нас и управува со нашето социјално однесување, со нашата адаптација, како многу значаен фактор во примањето, но и во одговорот на нашите соодветни и реални, или несоодветни хистерични и непромислени социјални интеракции.

Денес, невронауката ја потврди архитектурата на нашиот психо-профил, со богатство на знаење што сме го внеле во нашите мемориски записи. Прашањето е кој ја оформува, осознава и инкорпорира менталната и емоционалната интелектуална зрелост на нашата личност? Има само еден одговор. Книгата и богатиот резервоар на знаења. Книгата ни го евоцира минатото и таа меморија нè насочува со поуки; книгата ни ја проектира и осмислува иднината, како реална надеж, која со ум, знаење и работа, треба да ја оствариме и обистиниме и конечно книгата нè учи и нè држи под контрола како да го живееме мигот. Најголемото слепило за една личност е ако книгата не му е пријател и секојдневен сопатник. Таа го храни, го оживува, му ја покажува насоката на неговото постоење, ги орнаментира и збогатува неговите мемориски квалитети и конечно му го осмислува и покажува начинот и насоката на неговата креација, живот, однос со околината, знаење, почит, духовност и постоење. Книгата е изворот, фундаментот и светлината во животната филозофија на нашата секојдневна егзистенција. Дружете се со неа и почитувајте ја како секојдневна насушна храна, којашто ќе ви го збогати умот и животот“, вели Чепреганов во својата порака.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сарачини до медиумските организации: Што е со овој долгогодишен молк и нереагирање за хајките кон мене и моето семејство?!

НАЈНОВО

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп испраќа Национална гарда и во Чикаго – петти град каде демократите се на власт

October 5, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk