ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

October 5, 2025 17:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во општина Ново Село, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, чиј слоган е Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Николоски зборуваше за опозицискиот лидер, Венко Филипче, кој за време на претходната власт беше министер за здравство, и комплетно го колабираше здравството во земјата, а сега се фали дека е во комуникација со Артан Груби и пријател на Зоран Заев, истакнуваатод ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, обвинителството треба да истражи како Филипче, може да биде во комуникација со бегалец од правдата, и поради ова, како што вели тој, на претстојните локални избори треба да има масовна излезеност, со цел да се стави крај на оваа криминална банда на СДСМ, се наведува од соопштението.

,,Имајќи предвид дека се крајно очајни, дека се свесни дека ова ќе е историски најголем пораз којшто им се случил како СДС. Ги фати паника уште пред да почне кампањата и водат црна кампања уште од првиот ден, од почетокот на кампањата. Поцрна кампања скоро и да не сме виделе. Во таа црна кампања на очај, не можат да најдат ништо што  би го отвориле би го кажале за Владата предводена од премиерот Мицкоски, за министрите, за раководството на ВМРО-ДПМНЕ и почнаа да измислуваат“, рече Николоски.

Николоски зборуваше како Филипче и понатаму се фали дека е во комуникација со Артан Груби, а се фали и дека е голем пријател на Зоран Заев. Според него обвинителството треба да истражи како лидер на опозиција е во комуникација со бегалец од правдата. Николоски посочи дека зборувањата на Филипче за договор што направила Железница се смешни, бидејќи двете претпијатија од Железници ги оставија уништени, а вработените без плата.

,,Венко Филипче вчера, нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, внимавајте сумата не ја кажуваат, затоа што 45 илјади евра, Венко за јахтата троши отприлика за 5 дена, ако прави подолга дестинација или побрзо ја вози за 3 отприлика одат само за бензин“, кажа Николоски и додаде:

,,Истиот тој случајно, или не се фали дека е голем пријател на Зоран Заев и еден од ретките којшто комуницира со Артан Груби. Па ако не истражуваат за начинот на којшто работеле во минатото, еве од обвинителството, нека истражат како е  тој човек во комуникација со бегалец од правдата. Мислам  дека час поскоро, минута поскоро после ова што го кажувам треба да го повикаат, барем на разговор во обвинителството, затоа што помагање на бегство е исто така кривично дело“.

Николоски се осврна и на периодот кога Венко Филипче беше министер за здравство. Според него, СДС комплетно го уништи здравствениот систем во земјата, и го доведе целосно во колапс, притоа злоупотребувајќи ја ковид кризата, за свои лични финансиски интереси.

,,Целосно го уништија здравството, здравство кое што беше целосно во колапс и на колена. Ја злоупотребија најголемата криза, корона кризата. Кога луѓе умираа секој ден за да вршат набавка на вакцини по три пати поскапи цени преку компанија за јужно овошје, наречена Стабри од Хонг Конг. Купуваа заштитна опрема по 10 пати повисока цена од она што беше реално. И последни, последни во цел регион обезбедија заштита на народот, мораше да чекаме донации од соседни држави за да почне народот да се спасува“, вели Николоски.

Како што вели тој, СДСМ ја опустоши целата држава, а со цел да се заштитат самите правеа национални предавства. Тој повика и на масовна излезеност на претстојните локални избори, со цел конечно да се стави крај на бандата на СДС.

„Се работи за најголемата криминална банда воопшто видена во македонската политика. Се работи за луѓе кои што ја опустошија цела држава, а за да се заштитат себе правеа национални предавства. И затоа ни е потребна една голема мобилизација на овие избори. Масовно да се излезе на 19 октомври, да гласаме за број 9 и да победиме уште во првиот круг, за да ставиме конечен крај на оваа банда“ заклучи Николоски.

Next Post

СДСМ: Во кое својство Орце Ѓорѓиевски го отвори Скопскиот маратон?

НАЈНОВО

Николовски: Се потврди скандалот со ИПАРД

November 10, 2025
Фото: Скриншот

Ѓорѓиевски: Над 300 милиони е вкупниот долг на ЈП, до денес се над 500 отпуштени кои не доаѓале на работа

November 10, 2025

Министерство за финансии: Донесена одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    ВЛЕН: Непознавањето на албанскиот јазик на Јаневска не треба да води до фрустрација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фрчкоски: Македонија е доведена до еутаназија, на власта ѝ преостанува да почне со прогон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска-Давкова: Заклетвата е обврска кон државата, но и кон вистината и правдата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk