ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери сè уште не се изјаснува за барањето за итна седница на Парламентот

– Нашиот мандат трае и уставотворецот дал одредени правни можности и ситуации во кој случај и така распуштено Собрание да заседава и да донесува одлуки во интерес на состојбата во која се наоѓа државата, изјави за „Утрински брифинг“ Фросина Ременски.

April 24, 2020 11:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери се очекува во текот на денот да се изјасни за барањето за итна седница на која како што предложија триесет и петмина пратеници кои се потпишаа на иницијативата на СДСМ би требало да бидат потврдени двете одлуки на претседателот на државата за прогласување вонредна состојба поради Ковид-19. Џафери, според Деловникот и законите, нема рок ниту обврска да одговори на ова барање.

Во свои претходни изјави тој кажа дека Парламентот не може по самораспуштањето на 16 февруари повторно да биде свикан. Па, така, првото барање за воведување вонредна состојба што до него го достави премиерот Оливер Спасовски, тој не го проследи до пратениците туку директно до претседателот на државата Стево Пендаровски, кој ја прогласи вонредната состојба. По втор пат исто така Пендаровски прогласи продолжување на вонредната состојба.

Партиски извори за МИА велат дека се поизвесно е дека Џафери нема да свика седница, и оти во тој случај треба што поскоро да се оди на избори. Во ваква ситуација поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, здравствените власти се тие кои треба да дадат одговор кога реално би можело да има избори.

-Институциите и државата не може да функционираат на овој начин, сметаат дел од пратениците со кои разговаравме, дотолку повеќе што Владата е техничка и беше формирана за организирање избори. Децидни се дека потпретседателите на Собранието не можат да свикаат седница, туку единствен кој може е Џафери и никој друг.

Триесет и пет пратеници од СДСМ и нивни колеги од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието вчера поднесoa барање за свикување итна седница за да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со Ковид-19 од страна на претседателот на државата.

Тие бараат врз основа на член 63 став 4 од Уставот, член 15 став 4 од Изборниот законик, како и врз основа на членовите 67 и 68 став два од Деловникот Собранието од претседателот на Собранието да свика итна собраниска седница со две точки на дневниот ред и тоа потврдување на одлуките на претседателот за прогласување на вонредна ситуација на целата територија на државата од 18 март и од 16 април оваа година.

Различни толкувања на Деловникот, Уставот и законите 

Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски од СДСМ денеска изјави дека пратениците во овој парламентарен состав имаат мандат до верификација на мандатот на следниот пратенички состав.

 

– Нашиот мандат трае и уставотворецот дал одредени правни можности и ситуации во кој случај и така распуштено Собрание да заседава и да донесува одлуки во интерес на состојбата во која се наоѓа државата, изјави за „Утрински брифинг“ Фросина Ременски.

Пратениците, според неа, имаат легитимно право да поднесуваат иницијативи, а јавноста треба да знае за што поточно инсистираат пратениците.

-Со Џафери имаме комуникација. Конкретно немам разговарано на конкретните прашања, освен што ги слушам неговите аргументи кои ги изнесува во јавноста, што е негово легитивно право. Но, секако и пратениците имаат исто така легитимно право да поднесуваат иницијативи пред претседателот на кои тој треба да одговори. Не навлегувам во тајмингот кога ќе одлучи по иницијативата, верувам дека ќе биде многу брзо. Очекувам да има поинакви аргументи од оние кои беа дадени во месец март. Сега имаме поинаква ситуација, односно истечени рокови коишто во Уставот се определени со одлука за самораспуштање на Собранието. Собранието сметам дека час поскоро треба да ги потврди одлуките за прогласување на вонредна состојба, а со тоа да се даде валидност и верификација, вели Ременски.

Претседателот на Алијанса на Албанците Зијадин Села смета дека експертите треба да кажат што налага Уставот во однос на иницијативата за свикување на Собранието.

-Ние како Алијанса за Албанците уште пред да почне иницијатива за собирање потписи за да се свика седница на Собранието, ден претходно имав изјава со која најавив иницијатива до Уставен суд за одлуката за вонредна состојба, а целта ни беше собирање на Собранието, пред се од процедурален аспект и да се почитува тоа што со Устав ја организираме Македонија како држава. Таа не е претседателска, туку парламентарна демократија, вели Села.

Од друга страна, пак, поранешниот претседател на Собранието и професор по уставно право Саво Климовски има спротивен став. Тој смета дека не постои основ во вакви околности да биде свикан собраниски состав кој е веќе распуштен.

-Пратениците веќе се самораспуштиле и го чекаат денот на изборот на новите пратеници за да им го предадат мандатот. Тие се веќе бивши. Треба да бидат свесни дека се веќе бивши пратеници, вели Климовски.

Според него, ниту членот 63 од Уставот кој предвидува продолжување на мандатот на пратениците во вонредна или воена состојба не може да биде алиби за ваквиот потег бидејќи Пендаровски, како што наведува Климовски, неуставно ја продолжил вонредната состојба за уште 30 дена.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ претпладнево повторно преку соопштенија ги потврдија веќе утврдените ставови.

СДСМ обвинува дека опозицијата е заглавена во антидемократска и деструктивна фаза,ви оти за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ Собранието е најголемиот непријател.

-Со таквото однесување, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е против силен и независен законодавен дом, што и не зачудува бидејќи навиканти од времето на режимот, во белиот дворец, сакаат да имаат контрола над се, на секоја институција во државата, посочуваат од СДСМ. Според нив, поднесената иницијатива на пратениците за свикување на седница во Собранието е демократски порив – Собранието да се состане и да се потврдат одлуките на Претседателот на државата и парламентот да биде во функција и контрола на извршната власт, како што впрочем е и во секоја демократија.

За ВМРО-ДПМНЕ, пак, само 30-тина од 120 пратеници ја поддржуваат противуставната борба за фотелја на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-СДСМ е единствената партија во светот чиј лидер спасот од одговорност го гледа во борбата за фотелја наместо во борба за здравјето на граѓаните. Додека Заев е таков Спасовски пак е единствениот премиер кој поради непостоечки случај на корона се смести себе си во изолација и половина влада. Толку се неспособни што министерот за здравство не може да ја заштити сопствената влада, а камо ли да го заштити народот. Заев очигледно е подготвен по цена и на животи да се бори за фотелја затоа што така мисли ќе се спаси од одговорност за криминалот. Тој е подготвен да го крши Уставот и да враќа веќе распуштено собрание што би било уште еден голем преседан и брутално газење на Уставот, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Маск се подбива со Трамп за случајот Епстајн: Каде е ветената листа на клиенти?

July 7, 2025

Сојузот на здруженија на дијабетичари со барања до МЗ: Не сме пациенти од втор ред

July 7, 2025

Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk