„Апсолутно пред сѐ и над сѐ е здравјето на граѓаните и ништо друго. Од здравствената ситуација, од тоа како ќе се одвиваат работите со пандемијата со вирусот Ковид-19, од тоа сѐ ќе зависи“, изјави Муамед Зекири за 24 Вести.
„Ние, како владејачка партија, сме концентрирани на тоа како е најдобро да се менаџира ситуацијава во која се наоѓаме. А во однос на изборите, уредбата на Владата е јасна дека се замрзнати роковите и во моментот кога ќе прекине вонредната состојба, тогаш ќе продолжат 24-те дена.
ВМРО ДПМНЕ е единствена партија која бега од избори очигледно, но тоа е нивна работа. Повторно кажувам, здравјето пред сѐ, а после тоа избори кога ќе ни овозможат условите.
Не е време за лидерска сега. Најважно е здравјето на граѓаните и на тоа треба да се посветат сите. Не може во секоја ситуација лидерите за сѐ да решаваат“, додаде тој.