ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бачовски: Над 427 милиони евра исплатени кон земјоделците за помалку од три години (ВИДЕО)

Бачовски истакнува дека веќе се исплатени 30 милиони евра субвенции кон 19.050 тутунопроизводители за откупен и предаден тутун од реколтата 2019, а додава дека и покрај оваа поддршка, годинава тутунот забележа и рекордно висока откупна цена во просек од 220 денари за килограм предаден тутун.

April 26, 2020 11:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата предводена од СДСМ продолжува со реална и конкретна грижа за земјоделците, вели во снимено видео обраќање Никица Бачовски, член на Комисија за земјоделство на СДСМ. Бачовски истакнува дека веќе се исплатени 30 милиони евра субвенции кон 19.050 тутунопроизводители за откупен и предаден тутун од реколтата 2019, а додава дека и покрај оваа поддршка, годинава тутунот забележа и рекордно висока откупна цена во просек од 220 денари за килограм предаден тутун.

„Веќе се исплатени 30 милиони евра субвенции кон 19.050 тутунопроизводители за откупен и предаден тутун од реколтата 2019.

Покрај оваа поддршка, годинава тутунот забележа и рекордно висока откупна цена во просек од 220 денари за килограм предаден тутун.

Со последната исплата, вкупно за неполни три години, Владата предводена од СДСМ во аграрниот сектор, по националните порграми исплати над 427 милиони евра кон земјоделците.

Тоа е сериозен износ на средства што ја покажува посветеноста на СДСМ за развој и унапредување на земјоделството како една од клучните стопански гранки во нашата држава.

Роковите за доставување на апликации и реализација на проектите од националните програми и ИПАРД програмата се ставени во мирување за време на траењето на вонредната состојба.  Со ова се обезбедува дополнителен рок за имплементација на започнатите инвестиции со цел успешна и навремена реализација на инвестиционите обврски на земјоделците  и агросекторот.  Со ваквото одговорно управување и институционален  менаџмент остануваме на лидерскиот курс како држава со најголема искористеност на европските фондови за земјоделство и рурален развој.

Почитувани,

И во време кога државата како и целиот свет се соочува со здравствена и економска криза, Владата презема мерки за да се ублажат последиците врз земјоделството и руралниот развој.

Земјоделците кои се самостојни вршители на дејност, а се регистрирани според Законот за трговски друштва, ќе имаат можност да користат и дел од економскиот пакет на мерки, како финансиската поддршка од 14.500 денари за месеците април и мај.

Дополнително, Рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019  се продолжува до 12-ти ноември 2020 година, а со цел да се намали загубата на одгледувачите на овци, вкупната поддршка за женско јагне ја зголемивме на 2.500 денари по грло.

Како одговорна партија продолжуваме да инвестираме во земјоделството, продолжуваме со вистинска и конкретна помош за сите земјоделци.“

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk