ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Науката ќе биде новата религија

April 26, 2020 17:06
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Во анализите кои завршуваат или почнуваат со ставот дека после короната ништо нема да биде исто, има загрижености и надежи, презир спрема сегашниот свет и комарска верба дека црвеното на промените ќе не помести во поубави простори, времиња и системи, но насекаде фалат проекции на самиот процес, на субјектите и на методологиите кои ќе направат ништо повеќе да не биде исто.

Проблемот е во тоа што нема идеи, нема идеологии и субјекти на промените. Не случајно. Затоа што поволните услови за промените дојдоа во моментот кога човекот е како никогаш порано подекапацитиран да ги изведе. Короната не е субјект. Вирусната пандемија создаде атмосфера, компримираност на човештвото, ситуација која во принцип овозможува нов скок во цивилизациските височини, нови нивоа, нови димензии и форми, но тој што треба да скокне е човекот. А тој е хендикепиран и во главата и во срцето и во нозете.

Разделувајќи го човекот од неговата општествена свест и функција, во името на конзумеризмот и профитот, десубјективизирајќи го во симулакрумот што му го наметна како кафез на современото ропство, капитализмот го ослободи човекот и од моќите да го спаси самиот капитализам или да го смени со некој друг систем. Процесот на глобализацијата го следеше процесот на атомизацијата на општествата и нивното растурање како субјекти, технолошкиот и техничкиот напредок ја искоренија елементарната глупавост, но истовремено формираа пософистицирана глупоќа која е многу поопасна, таква што се потпира, имено, на новите техники, апарати, на социјални мрежи, медиуми итн. И ги стеснува, наместо да ги шири спознајните и функционални моќи на човекот. Особено го деструира неговиот однос кон заедницата, социјално го дистанцира од неговите обврски.

Во светот расте свеста за нужноста од радикални промени во самата конституција и во егзистенцијата на човештвото, не се за потценување движењата против климатските промени, против конзумеризмот, против потрошувачкото општество, против неправилната распределба на светското богатство и регионално и персонално и национално, движења против естаблишментите и движења против популистите, се јавуваат нови модели на нацизмот и фашизмот, верски фундаменталности од секаков вид, но не постои идеолошка матрица која сето тоа може да го обедини во радикална конфронтација со денешниот режим. Јасно што појасно не можемда биде циклично се јавуваат сите слабости на пазарот како генерален регулатор на економијата, особено сега кога и најнеолибералните структури бараат интервенција на државата, но никој не нуди друг режим кој ќе го истисне максимирањето на профитот како движечка сила. Таа движечка сила закономерно ја носи целата планета во пропаст, но нејзината смртоносност, во крајна инстанца, се состои имено во тоа што не остава никакви алтернативи. Жижек се залага за некаква форма на комунизам, Борис Буден за поставување на класното прашање пред другите прашања, особено пред фаталистичкото прашање на економскиот пораст, што се сведува на исто, но тоа се проекции на желби, теориски фундирани, морално супериорни, се разбира, но како тоа да се вообличи во еден општ функционален ефикасен и одржлив систем, не знаат ниту тие, ниту некој друг.

Човекот е деструиран на нивото на индивидуалната егзистенција како единствено поле на неговиот интерес. Нема други интереси или ако ги има за нив не е спремен да се жртвува. Возвишено да се жртвува, како за идеал, за вера, за морал итн. Спремен е да се жртвува пасивно, како што се жртвува деновиве, прифаќајки ја судбината и наредбите на власта, врз основа на стравот повеќе отколку врз основа на одговорноста, да седи дома, да се самоизолира, но за активна жртва во борба за посветла иднина не е спремен. Меѓу другото затоа што посветлата иднина, во меѓувреме, сто пати му е компромитирана пред неговите очи.

Но, за некои промени може да се зборува.

Агамбен, да речеме, очекува собирање и згуснување околу науката како нова религија. Одговор на апокалипсата што се тркала зад хоризонтот нема да биде свртување кон Бога туку кон науката односот кон науката како бог на спасението. Да, ако тоа биде така, а многу е веројатно дека ќе биде, ќе се оди на многу покомплексен и сериозен однос кон климатските промени со маргинализирање на популистичките интерпретации како што се оние на Трамп. Ќе се засилат антиконзумеристичките стремежи можеби и политики, ќе се релативизира, а нема да се засили како што некои очекуваат, моќта на популистите, зашто популистот не може да ги совладува вирусите и новото ниво на светските мориња и океани, ќе се релативизира, а нема да се зајакне моќта на националната држава, зашто таа моќ е аут наспроти глобалноста на загрозите, ќе се релативизираат темите и проблемите кои се чинеа дека се круцијални, макар во политичките интерпретации, Косово, да речеме, трамповиот ѕид кон Мексико, самиот Трамп, мигрантските процеси, некои други локални и регионални прашања, македонското национално прашање, во позитивна смисла, погледнато и од внатре и од надвор, совршено ќе биде сеедно што бил по националност Гоце ако се случи да нема повеќе ниту Македонци и Бугари, хахаха, Внатрешната македонска револуционерна организација-Демократска партија за македонско национално единство ќе отиде во аут како платформа и како идеална структура да не говориме за неа како банда за пљачки и деструкции, курилските острови, целата геополитика која се базира на територии и воена сила ќе отиде по ѓаволите.

Но, што ќе дојде на тоа место, не се знае.

Па, добро, ова не е разочарувачки драфт за тие што се надеваат дека ништо нема да биде исто. А не е и за оние другите. Така ми се чини, де!

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Горан Божичевиќ

Не е време за навивање – време е за будност

June 8, 2025

Златната пена на секојдневието

June 8, 2025

Португалија и Шпанија ќе играат за трофејот во Лигата на нации

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk