ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

27 април, траумите сѐ уште алармираат

Периодот не е далечен, но последните случувања се толку тешки што нѐ тераат да заборавиме на многу други убави и лоши настани. Често забораваме и родендени, и годишнини, и секојдневни обврски. Но ете, вечерта на 26 април, додека се спремавме за суфур (појадок пред утрешниот пост), во услови кога многу нешта ни фалат дома, сме заборавиле да ги купиме во петокот (и многу други маки), јас се сетив на 27 април.

April 27, 2020 16:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АРБЕН ЗЕЌИРИ / ЦИВИЛ

Нешто по полноќ 26/27 април 2020 година… Дојде 27 април, сега веќе во поинакви околности, и добри и лоши. Мешавина од поголема слобода од политички и правен аспект, но поголема изолација заради здравствениот предизвик со кој се соочува цел свет. По нормална логика, сега не требаше ни на памет да ни иде тој настан од пред три години. Периодот не е далечен, но последните случувања се толку тешки што нѐ тераат да заборавиме на многу други убави и лоши настани. Често забораваме и родендени, и годишнини, и секојдневни обврски. Но ете, вечерта на 26 април, додека се спремавме за суфур (појадок пред утрешниот пост), во услови кога многу нешта ни фалат дома, сме заборавиле да ги купиме во петокот (и многу други маки), јас се сетив на 27 април.

Ова што го прочитавте досега, би требало да биде доволно да разбереме какво значење, или подобро кажано, каква траума оставил тој настан. Тие трауми станале аларм секоја година и организмот, психата, самите потсетуваат. Утре е денот кога секој од нас што беше дел од настанот можел да не е денеска.

Како сведок кој поминал „најлесно“ од другите, сепак не можам да се ослободам од таа траума. А замислете ги другите, оние од прва линија, политичари, новинари, сниматели и вработени во Собрание.

Јас не дека не бев на прва линија. Сѐ уште се сеќавам на денот кога од галерија снимав заедно со другите колеги избор на нов претседател на Собранието. Потоа, требаше да известувам директно на вести, а ме замени колешка која остана внатре заедно со снимателот. Стравот се дуплира, грижата и совеста се мултиплицираат. Зашто не бев јас, зашто остана колешката, што се случува?

Следевме преку директна комуникација со уредниците и колегите и на лајв стрим.

Првиот страв се роди кога ние, од пред собрание, додека известувавме, видовме како толпата влегува внатре, манипулирана, поттикната, а дел од таа толпа и добро организирана и со инструкции.

Потоа видовме снимки, како крварат пратеници, кандидатот за мандатар Зоран Заев, а по неколку минути ни дојде веста дека Зијадин Села веќе е мртов. Со тие слики и таа вест ситуацијата се промени, се молевме само да преживееме. Замислете, дојдовме во ситуација да се откажеме од сѐ, од живот во оваа земја, од политика, од професија, се молевме да спасиме глава.

По неколку минути, дел од маскираните напаѓачи кои беа внатре веќе излегоа кај жена парк, зад медиумските екипи. Нѐ следеа како известуваме, нѐ пцуеја, нѐ навредуваа, ни се закануваа. Сето тоа кукавички, под маски, од далеку.

Во тој момент видовме дека бегање од судбината нема и треба со тоа да се соочиме. Тука живот ќе градиме, ќе се бориме, ќе поправаме, ќе казнуваме, ќе победиме!

Видовме дека, кај и да бегаме, злото ќе нѐ следи сѐ додека не се спротивставиме и победиме над злото.

Во еден момент, го зедов микрофонот и цврсто држејќи го, почнав да известувам, да ги информирам граѓаните за тоа што навистина се случува, за одговорноста која нѐ чека сите, за опасноста која ни се заканува на сите. Опасност не беше само настанот на тој ден. Поголема опасност беше тоа што се најавуваше. Имаше информации дека тогашниот претседател, познат по прекарот Фикус планира да прогласи вонредна состојба, а имајќи предвид каков став имаше тој, се знаеше и каква судбина нѐ очекува.

Ситуацијата беше крајно алармантна, па затоа моравме и ние повеќе да алармираме. Свеста на нашето општество реагираше, сите се мобилизиравме, сите ние што не бевме со нив, а уште помалку како нив. Меѓународната заедница која до тогаш стоеше на страна и чекаше да види што ние ќе направиме, конечно реагираше. Се спречи најголемото зло.

Државата се врати во нормала, се формира нова влада, ново парламентарно мнозинство.

Последиците останаа, Зијадин Села најдолго остана по болници и на крајот успеа да се излечи, и како и Зоран Заев и другите пратеници. Но лузните останаа кај сите. И физичките кај оние што беа повредени, и психичките кај нас што бевме трауматизирани.

Денес не живееме во рај, ниту долгонајавуваниот живот не пристигна, но една голема цел се постигна, злото се сопре.

Сега живееме во услови кога се прават грешки и пропусти, се исполнуваат и не се исполнуваат ветувања, но барем не се плашиме. Зборуваме, критикуваме, се поправаме, и живееме без стравот дали зад нас има луѓе со маски.

Некои злосторници од тој ден лежат по затвори, а некои сѐ уште се слободни, но веќе со врзани раце и неутрализирани. И за тоа денеска критикуваме, лобираме, пишуваме, известуваме, инсистираме, но сето тоа го правиме спокојно, во слобода и без молитвата „да се спасиме, да останеме живи“.

Многу би сакал да имаме и една нормална македонска опозиција со која заедно ќе ја критикуваме власта за да ја поправиме, како што правевме тогаш кога сегашна власт беше нормална македонска опозиција. Сега, од време на време, во нашата критика и опозиционерството (на кое сме осудени по професија) ни се приклучува само албанската опозиција со таа сила која ја имаат (по 2-3) пратеници.

Не сме ние криви, а не сме ниту наивни. Во име на демократијата нема да глумиме како ништо да не знаеме. Сѐ додека денешната македонска опозиција не се дистанцира реално од нивните сопартијци кои донесоа до крвавиот 27 април, нема да бидат наши сојузници во борбата за подобар живот и подобра иднина. Сѐ додека ги бранат напаѓачите со разни алибија (манипулирани граѓани и слично), нема да ги сметаме за демократска партија, а уште помалку за наши сојузници. Со нас и како нас можат да бидат само оние кои ќе кажат дека „27 април беше терористички чин“, ќе ги осудат и ќе бараат да се судат нарачателите и извршителите на тој чин, а не оние кои сѐ уште ги бранат и ги прифаќаат во нивните редови.

Не дека не сакаме, но траумите не ни дозволуваат да бидеме на иста линија со оние кои влегоа да нѐ убијат, ниту со оние кои ги бранат таквите со различни оправдувања.

Да не се повтори веќе никогаш, среќата нѐ спаси само еднаш, а ако дозволиме повторување, тогаш сме заслужиле и да ни се случи 27 април.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk