Министерството за труд и социјална политика денес соопшти дека Денот на трудот, 1 мај (петок), ќе биде неработен за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството, исто така, им го честита престојниот празник на трудот и работничките права на сите граѓани.