ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Крвава пресметка со демократијата

Ретко кој можеше да замисли дека за време на протестите по изборите во 2016 година - од чие насилништво, од примитивизмот, злобата и подлите лаги на нормален човек му се превртува утробата - се планира нешто далеку помрачно. На 27 април 2017 година – теледиригираната толпа, меѓу кои имаше криминалци, тепачи, маскирани полицајци, шпиони, радикали, „водоносци“ и неодговорни уметници и јавни личности со помрачен ум, го нападнаа Собранието.

April 27, 2020 11:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Беше тоа „ноќ на долгите ножеви“, во студената декемвриска ноќ по предвремените парламентарни избори во 2016 година. Со оваа злокобна реченица на протестот пред Државна изборна комисија, претседателката на собраниската комисија за односи меѓу верските заедници, актерка и пратеничка, Валентина Божиновска, го означи почетокот на транзицијата на власта. Следеа секојдневни протести со радикални и националистички пораки. „Бејли, оди си дома“, „Предавници“, „Стоп Сорос“… Со пораки како од мрачниот Среден век…

Иако не беа бројни, радикалите, приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ, беа гласни и насилни. Со познатата мрачна иконографија, национализам, тепање новинари по улиците, лажни обвинувања за велепредавство, со „Тиранска платформа“ како оправдание… со најцрна кампања што може да се замисли, криминалниот режим не се предаваше. Со месеци по изборите, ништо не функционираше, процесот на формирање влада беше блокиран, а институциите функционираа како да не се променило ништо, како сѐ уште да е на власт Фамилијата. Секој ден. Полетот и оптимизмот полека згаснуваа, а на нивно место се всади страв, скепса и неизвесност. А режимот не мируваше. Организираше егзекуција на демократијата, преврат.

Сепак, ретко кој можеше да замисли дека за време на тие протести – од чие насилништво, од примитивизмот, злобата и подлите лаги на нормален човек му се превртува утробата – се планира нешто далеку помрачно. На 27 април 2017 година – теледиригираната толпа, меѓу кои имаше криминалци, тепачи, маскирани полицајци, шпиони, радикали, „водоносци“ и неодговорни уметници и јавни личности со помрачен ум, го нападнаа Собранието.

Во планирањето на крвничкиот напад – одбор „јунаци“. Ликови од највисоките политички ешалони на режимот на Груевски и тој лично, претседателот на државата кој беше марионета на тој режим, политичкото и безбедносното подземје, разузнавачки служби од најмалку две земји, од кои едната од регионов… Мета им беа опозицијата и нивните лидери, но не ги поштедија ни медиумските екипи.

Нападнаа со цел да убијат. Крв и хаос кој траеше со часови. Во кабинетот на мрачниот претседател-марионета се коваше вонредна состојба, беа познати и скривниците во кои требаше да се скријат главните џелати на демократијата.

Три години подоцна, некои в затвор, некои амнестирани, а некои повампирени и осилени, полни со црни пари од оската Москва-Будимпешта-Скопје и некои други центри, продолжуваат да ја напаѓаат кревката демократија.

Можеше ли поинаку? Како општество, сепак, мислам дека го извлековме максимумот. Со кревка коалиција на власт, во која има политички предатори на секој шав од свиленото одело, со националистичка опозиција диригирана од Будимпешта, која не само што не се откажува од криминалот и насилството, туку го нарекува „херојство“, со Сваровски судство и бескрајни компромиси кои често изгледаат непотребни и претерани… Навистина имаме добар наод.

А тие што мислат дека амнестијата значи и простување, се лажат. Горко се лажат. Правдата е (премногу) бавна, но секогаш стигнува. Тој црн 27 април, како и многу други црни денови пред и потоа, можеби се ставаат на страна поради една или друга „голема слика“, но не можат да бидат избришани. И светот ги виде, и ние ги доживеавме, ги преживеавме и ќе ги запомниме. За да не му се повторат никому и никогаш повеќе.

 


Сите права се задржани. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Сабаленка и Американката Коко Гоф во финалето на Ролан Гарос

June 7, 2025

Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

June 7, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп доби судска дозвола да го ограничи пристапот на новинарите на Асошиејтед Прес во Белата куќа

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk