ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Зеќири: На 27 април се прашував, ако толку лесно се претепуваат пратеници, што ли ќе се случи со нас новинарите

April 27, 2020 20:34
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Крв, страв, повици за убиство. Вака мнозинството го памети 27 aприл, датум кој остави темна дамка во македонската историја. Беа засегнати политичари, новинари, обични граѓани, „случајни“ минувачи. Траумите се чувствуваат и по 3 години, вели новинарот Арбен Зеќири, кој на тој 27 април 2017 беше во Собранието.

ФРОНТЛАЈН: Денес е денот на кои сите ние за жал, се сеќаваме на настан кој се случи пред точно 3 години. Ти веќе напиша колумна за сето ова за ЦИВИЛ Медиа, дали би можел да ги споделиш своите сеќавања и со нас?

Зеќири: Со задоволство, и жалост кога ќе се потсетиме на тоа време, реално време кое не би сакал никогаш повеќе да ни се повтори, но најважно ние не треба да дозволиме тоа да ни се повтори, но е настан од кој треба да научиме и да извлечеме добра лекција сите, денеска и за во иднина. Тогаш известував од Собрание за тој настан претходно, претпладне веќе почна процедура за избор на нов претседател на Собранието, Талат Џафери.

Се приметуваше тензија, тогаш беше само политичка тензија, но немаше индикации за нешто пострашно или потрагично од типот како што и на крај се случи. Јас во моментот од кога се избра г-динот Џафери излегов да известувам од пред Собранието директно и веќе во тие моменти видов како толпата влегува внатре и се случуваат сите тие понатамошни настани, насилство врз лидерот на СДСМ Зоран Заев, на и врз Зијадин Села, од Алијанса за Албаниците и врз сите други пратеници кои беа присутни.

Во тие моменти на насилство не бев реално внатре, но бев надвор, а од надвор чувството беше неколку пати пострашно, бидејќи не се знаеше ништо за колегите внатре, нивното здравје, нивниот живот, безбедноста, а понатаму загрозени бевме и ние надвор кои почнавме да известуваме директно, бидејќи дел од маскираните напаѓачи и хулигани кои влегоа во Собранието излегоа надвор и стоеја позади нашите камери, позади нас, нѐ следеа, нѐ слушаа, нѐ набљудуваа буквално и почнаа да ни возвраќаат со навреди, со закани, со пцуења.

Беа сите со маски и беше навистина во прашања дали ќе преживееме тој ден или нема да преживееме имајќи предвид дека веќе почнаа да стигаат вести дека Зоран Заев е искрвавен, пратениците се нападнати, Зијадин Села е мртов, таква беше таа информација и замислете во ситуација кога претендент или мандатар за премиер на Влада, пратеници, лидер на партија можат толку лесно да се нападнат, да се тепаат, да се убијат, што може да го снајде еден новинар? Затоа почнаа многу прашања да ни се вртат низ главата, како што напишав и во мојата колумна имаше моменти кога навистина се предадовме, безнадежни дека тука може да се живее и може да се постигне нешто, имаше моменти кога не мислевме веќе понатаму за живот во оваа земја, но тоа беше краткорочно.

Во еден одреден момент разбравме дека тоа е нашата судбина, нашата реалност со која треба да се соочиме и не треба да бегаме оти нема да можеме да бегаме. Бегајќи од проблемите стигнавме до тоа ниво, бегајќи од некои претходни неправди, други слаби алатки од системот стигнавме до тој степен да се загрози веќе и уставниот поредок и највисоката законодавна институција, храмот на демократијата, Собранието, народните претставници.. И во тој момент беше таа пресвртница кога разбравме сите дека наша должност не е да бегаме од овие проблеми, да се скриеме од тој режим кој беше тогаш туку да се соочиме и да почнеме со наш придонес да ја промениме најпрво политичката елита, општеството, политичкиот ментален склоп и начинот на функционирање на системот во нашата земја.

За жал од тогаш досега не се постигна таа цел за која сонувавме сите дека ќе ја постигнеме почнувајќи од протестите, од Шарената револуција па сè до промената на власта, се надевавме на многу повеќе правда на тие идеални цели, но за едно сум среќен што сме постигнале сите како општество, конечно сме слободни, нема страв дека режимот не следи, дека режимот ќе ни се одмазди, дека некој од началниците е некаде па ќе ни дупне некоја гума.

Има многу за критика во овој систем во кој живееме денеска, но доброто е тоа што има простор за критика, има слобода за критика, може да се поправиме, може да се критикуваме па може некогаш дури и да се навредуваме и нема да бидат последиците исти како што беа во време на тој режим кога не беше безбеден ни храмот на демократијата, кога не беше безбедно ни собранието како институција, не беше вреден и Уставот, не беа безбедни ниту највисоките политички претставници, а камо ли ние обичните новинари или обичните граѓани и другите. За среќа општеството ја прифати таа сериозност на таа ситуација тогаш навреме, рефлектираше и дојде до промените во кои што живееме денеска. Има, секако има многу неисполнети мисии и соништа, како што многумина викаат дел од, или половина од тој режим уште не одговорил за тие дела направени на тој ден, но сепак да се вратам на тоа дека приоритетно ни е да не дозволиме да се врати веќе никогаш 27 април уште помалку лицата кои го иссценираа и го спроведоа тој настан.

И. Ежова
монтажа: Ариан Мехмети

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

July 8, 2025

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025

Изложба „Beauty spot III“ на Иван Аџиевски

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk