Над 5000 стигна бројот на лицата кои доброволно го донираа повратот на ДДВ кој им следува за првите три месеци од годината.
Парите добиени од скенираните фискални сметки тие ги вратија во државниот буџет во рамки на солидарната акција за справување со последиците од корона вирусот.
Бројот расте во секој момент а шифрите се покажуваат директно во апликацијата “МојДДВ”. На оваа апликација стои и опцијата за донирање на ДДВ повратот како и објаснувањето за владината уредба со законска сила која беше донесена вчера.
Со цел, помагање на граѓаните и компаниите кои беа погодени од кризата, Владата отвори фонд за солидарност каде компании и приватни лица веќе донираат различни суми. Од пред три дена, Владата создаде можност и сите граѓани кои имаат услови и воља, да помагат преку донирање на сумата од повратот на ДДВ.
Акцијата за донирање на сумата од првите три месеци од годинара е отворена до 5 мај.
Денеска Уставниот суд ја прогласи како неуставна одлуката на Владата за намалување на минимално ниво од 14.500 денари, на платите на судиите, обвинителите и пратениците. Дел пд нив деновиве се јавно се жалеа и поднесоа иницијатива до Уставен суд.
А. Зеќири