Уште една успешна акција на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски.
Денеска во Скопје на ул. Алпи во населбата Бутел се спроведе акција на Бирото за јавна безбедност. Пронајдени се автоматски пушки, пиштоли и 2,5 килограми хероин.
Како што јавуваат од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, синоќа и денеска со наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1, на ул. Алпи во Скопје и во специјално направени бункери пронајде повеќе видови оружје, меѓу кои три автоматски пушки, една снајперска пушка, два автоматски пиштоли со пригушувачи, рамки со муниција, една полуавтоматска пушка, кое потекнува од кривично дело тешка кражба од продавницата за оружје.
Од БЈБ потврдуваат дека при пребарувањето на теренот, во специјално направен бункер пронајдено е околу 2.5 кг. хероин.