ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лидерската меѓу 10 и 12 мај, Пендаровски ќе размисли дали ќе биде единствениот кој ќе ја продолжува вонредната состојба

Пендаровски истакна дека уредбите кои ги носи Владата имаат сила на закон, но и дека Владата има законодавна моќ само додека има вонредна состојба.

May 2, 2020 09:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерската средба би се одржала во периодот меѓу 10 и 12 мај, а потврда за учество на неа дале лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, како и лидерите на албанските политички партии и од власта и од опозицијата.

Ова вчера во интервју за „360 степени“ на Алсат М го изјави претседателот Стево Пендаровски, кој посочи дека телефонски разговарал и со Заев и со Мицкоски.

Претседателот Пендаровски, во интервјуто одговараше на прашање за тоа која е потребата тема на лидерска средба да бидат изборите, кога владата донесе уредба за продолжување на изборните дејствија по завршувањето на вонредната состојба.

-Не би сакал да им наметнувам нови задачи од областа на правото на овие што се правници од власта и од опозицијата, меѓутоа, постои размислување дека уредбите со законска сила важат додека важи вонредната состојба. Потоа, за да евентуално продолжат да важат треба Собранието да ги потврди. Ако ги потврди ќе продолжат да важат, ако не, нема да важат. Тоа е едно од правните мислења кои ми го кажуваат, ми го советуваат тие што мене ме советуваат во правната сфера. Не велам дека тоа е дефинитивна вистина, меѓутоа, само сакам да го кажам тоа, истакна шефот на државата.

Пендаровски истакна дека уредбите кои ги носи Владата имаат сила на закон, но и дека Владата има законодавна моќ само додека има вонредна состојба.

-Само во вонредна состојба Владата може да носи уредби со законска сила. Не во некои регуларни парламентарни времиња. Што е кај нас проблемот? Парламентот никако да се состане бидејќи неговиот прв човек смета дека тој е дефинитивно распуштен, зачудувачки е што и главната опозициска партија смета дека не треба да биде оживеан парламентот кадешто би можела да има поголема парламентарна контрола, вели претседателот на државата.

Пендаровски се осврна и на вонредната состојба и за тоа дали би ја продолжил за нови 30 дена, со оглед на тоа што вторите 30 дена истекуваат на 16 мај.

-Ако трендовите се навистина позитивни, дај боже, со цело срце посакувам така да биде, и ако ситуацијата во таа смисла здравствена, со Ковид-19 се смирува, јас ќе размислам два пати дали ќе бидам единствениот кој ќе продолжува – 30, плус 30, плус 30 и така до крајот на годината. Не сум сигурен дека ако трендовите во однос на Ковид се стабилизираат и генерално попуштаат и според првичните проценки и мерките за ограничување на движење, за реотворање постепено на бизнисите, не сум сигурен дека и во таква ситуација ќе решам – еве ви нови 30 дена, еве ви нови 30 дена и не се секирајте, јас постојано ќе давам нови 30 дена, бидејќи вторите 30 дена беа дадени или утврдени затоа што мораше, истакна шефот на државата./MИА/.

Next Post

Штипјанецот Панче Наумов со наука го освојува светот, тимот со кој раководи работи на развивање вакцина против Ковид-19

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk