На репортерот на Фронтлајн не му беше дозволено снимање на спектаклот што техничкиот министер за внатрешни работи го прави со ангажирање на 80 полициски возила на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски вечерва. Неофицијално, Чулев снима видео спот. Официјална информација за овој настан – нема.
Нашиот репортер уредно се претставил и легитимирал, со прашање дали може да го сними настанот, но тоа не му било дозволено. Сепак, кратка снимка за настанот има.