Црвениот Крст е организација чија примарна цел е обезбедување средства и грижа за оние кои припаѓаат на најранливите социјални категории. Во време кога владее епидемија, ваквата помош е есенцијална за многу граѓани од сите овие категории и на таа тема направивме интервју со Александра Ристевски, Национален координатор на ПХВ Програмата на Црвениот Крст.
Фронтлајн: Ако може да ни кажете какви се вашите активности во време на пандемија, дали поради состојбата со Ковид-19 е намален или зголемен вашиот обем на работа?
Александра Ристовски: Токму заради настанатата ситуација многу нешта и во рамките на нашата организација се променети, приоритетите би кажала дека се многу поразлични во однос на тоа што се случува во текот на нормално време и во текот на нашите редовни активности, она што го работиме на што навистина сме фокусирани во изминатите два месеци се неколку целни групи кон кои што се концентрирани сите наши активности, а секако дека тука првин би ги спомнала новите мобилни тимови кои што функционираат од 18 март, станува збор за 10 мобилни тима кои што ги работиме во соработка со петте општински организации кои што функционираат на територија на градот Скопје, тоа се општински организации Карпош, Гази Баба, Чаир, Центар и Кисела Вода, некаде околу 50 луѓе се вклучени од нашите вработени и волонтери со мобилните тимови кои што директно се на терен. Во секоја општинска организација постои администратор кој што ги прима повиците од страна на граѓаните кои што се заинтересирани да добијат една ваква сервисна услуга која што всушност е бесплатна бидејќи целиот програм е поддржан од страна на фондацијата Кока Кола и Скопска Пивара, но граѓаните овозможуваат односно обезбедуваат средства за сите оние нешта кои што на нив им се потребни за да бидат набавени, што значи дека администраторите ги примаат повиците, си го прават планирањето во текот на денот, нашите волонтери излегуваат на терен и купуваат се она што им е потребно. Најчесто се купува храна, хигиенски производи, но честопати и лекарства особено за старите изнемоштени лица кои што влегуваат во оваа група да речеме на лица кои што се во овој ризик, значи старите лица, лица со посебни потреби, самохрани родители, изолација, самоизолација и поддршка секако за карантинот преку Министерство за Здравство. До сега се примени некаде околу 2000 повици од 18ти март во кои што се реализирани повеќе од 600 посети и е дадена поддршка на повеќе од 700 корисници што кажува навистина дека еден ваков сервис е повеќе и од потребен и дека беше многу важно што брзо се екипиравме.
Иако разговарате со претставник од Црвен Крст на град Скопје, можам да кажам дека ваквите сервиси се организирани на ниво на цела држава и всушност постојат повеќе од 30 канцеларии и 30 мобилни тимови во секој град да речам во кои што функционираат директно на терен. Црвен Крст на град Скопје освен за граѓаните дава поддршка со мобилниот тим и за бездомните лица кои што и така ние ги таргетираме и работиме со нив и тоа е една од активностите која што се уште продолжува да работи, но еден засилен тим би кажала кој што многу повеќе патролира низ градот им нуди и им дава на нив бесплатни маски, бесплатни ракавици, средства за дезинфекција, хигиена и повеќе да речам информативно како можат тие да се заштитат и како може да ги заштитат да речеме другите лица кои што се околу нив.
Фронтлајн: Дали можеби организирате некакво служење на храна за тие бездомни лица, нешто како народни кујни, освен дистрибуција на средства?
Александра Ристовски: Како што почнав, значи тоа е првата активност која што ја работиме во изминативе 2 месеци со мобилните тимови за поддршка на граѓаните, втората активност која што не прекина токму заради ризикот во кој што се наоѓаат овие граѓани се поддршка за бездомните лица, таа продолжува и понатаму значи ова се само засилени мерки кои што ги правиме за нив, а храната како што ја дистрибуираме двапати неделно во текот на неделата во нашиот дневен центар за бездомни лица односно во пунктот Момин Поток таа си продолжува, тие таму добиваат се она што им е потребно, покрај тоа и поддршка од социјалниот работник, покрај тоа поддршка и од лекар значи медикаменти особено за оние кои се хронично болни, и секако храна. Тука можам да споменам дека голем дел од донатори, поддржувачи, пријатели, соработници уште повеќе ја засилија нивната поддршка бидејќи знаат дека во ова време и те како е потребна поддршка и дека овие лица се на работ на.. во една многу потешка ситуација како обично.
Фронтлајн: Кога сме веќе на тема кај донаторите, дали може да ни кажете каква е моменталната соработка со меѓународниот Црвен Крст, каква е помошта што ја добивате од нив, дали работите на некакви заеднички проекти, дали конкретно се вклучени во овие ваши проекти моментално што ги работите?
Александра Ристовски: Секако, поддршката од меѓународна федерација доаѓа цело време би кажала, бидејќи оваа година Црвен Крст на Република Северна Македонија всушност и обележува и требаше да прослави 70 години од своето постоење што значи дека ние сме членка, една од 193 земји токму на меѓународната федерација на Црвен Крст и Црвена Полумесечина. Во петок е празник за нас, 8ми мај светски ден на Црвен крст значи на нашето движење и се чуствуваме дека сме дел од една ваква организација, силна поддршка и силна припадност кон нашата организација, мрежа на целата организација. Поддршка добиваме за време на секоја криза секако дека поддршката доаѓа и за време на оваа пандемија која што и е делумно во финансиски средства делумно се насочени средствата за поддршка на социјално загрозените лица, значи купување на храна, хигиена но секако и оние промотивни материјали кои што се важни за нашите граѓани, но секако и за вработените и волонтерите кои што треба да бидат добро едуцирани за да може да ја дадат поддршката.
Фронтлајн: Дали може да ни кажете каков е капацитетот на Црвениот крст моментално, дали имате доволно волонтери и дали може да ни кажете како може еден обичен граѓанин да стане волонтер на Црвен Крст?
Александра Ристовски: Пред да го одговорам последното прашање сакам да ги додадам уште двете активности кои што сметам дека се важни, а кои што се добри да ги знаат граѓаните, значи непречено функционира дневниот центар за доброволно дарување крв, во овие моменти секако дека се потребни, да имаме едно добро ниво на единици крв да дадеме поддршка на Институтот за Трансфузиона медицина односно за нашите клинички болници, така да граѓаните ги поттикнуваме да доаѓаат да даруваат крв и верувајте значи и тука би кажала дека нашите граѓани и волонтерите и сите оние кои што го прават тоа навистина покажуваат една хуманост и една солидарност. Продолжуваме да работиме и поддршка даваме за мигрантите кои се обидуваат нелегално односно ирегуларно да транзитираат низ нашата земја така да тие се некои активности кои што мора да продолжат заради итната ситуација. Значи нашите мобилни тимови тие кои работат со мигрантите, со поддршка на Високиот Комесаријат за Бегалци продолжуваме и понатака да им даваме поддршка засилени секако во делот на промоција на хигиената и нивното лично здравје на патот додека тие транзитираат. Е сега сето тоа да го направиме нормално дека се потребни голем број на волонтери како што кажавте и сами, во целото национално друштво вклучени се повеќе од 250 лица, поголемиот дел волонтери за да се направи една добра ваква мрежа структура за да може непречено да се функционира. Голем дел од граѓаните се јавуваат да се вклучат во активностите, нашиот одговор во овие моменти е дека ги користиме ресурсите и капацитетите на лицата од тимот за одговор при катастрофи кои што сметаме дека се поискусни волонтери кои што поминале претходно одредени кризи имаат одредена едукација и знаат како да се заштитат самите но да речеме да го заштитат и целиот систем, тие добиле електронска обука да речам онлајн обука како да го заштитиме системот и од таа причина сметавме дека е добро да не бидеме сега многу отворени кон другите туку да работиме со постоечките кадри, но секако ја полниме базата на податоци, сите оние кои што се заинтересирани им ветивме дека кога ќе се заврши целата ситуација ќе ги поканиме да бидат дел од нашата организација, да се вклучат, после една обука за дисеминација во која што ќе опишеме што е тоа што ние го правиме, се со цел да знаат какви активности имаме и каде можат да го најдат своето место, дали е тоа клубот на млади, дали е тоа едукација за крводарителството, дали е тоа во делот на логистичка поддршка на црвениот крст, безбедност на вода..значи една плејада на активности кои што навистина ги имаме. Сметам дека е добро тоа што го направивме за заштита на граѓаните, но заштита и на нашиот систем кој што функционираше и секако мораше да ги почитуваме мерките кои што беа наложени од страна на нашата држава и од Министерството за здравство, така да чекаме навистина да заврши целата оваа ситуација во која што сите некако излегуваме на крај како победници, и во која што понатаму ќе ги поканиме волонерите да се вратат во клубовите да волонтираат и да ги отвориме уште повеќе нашите врати, да бидеме отворени на сите оние нови кои што сакаат бидат дел од нашата организација.
Искра Ежова
Монтажа: Ариан Мехмети