пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Која песна од Rolling Stones ќе им ја отпеел Гоце Делчев на оние што не ни го признаваат јазикот? Во 21 век има една држава (се разбира) на Балканот, која им го негира посебноста на јазикот на друга суверена држава и народ и тоа го користи како инструмент за пазарење.
Толку е очигледно дека наметнувањето на темата, поточно негирањето на посебноста на македонскиот јазик од страна на Бугарија е само повуци-потегни за да ползуваат во пазарење за припадноста на Гоце Делчев, што и од бугари да è, да ти се снеарни е.
Делчев да беше жив денес би слушал Стоунси сигурно, но на бугарите би им отпеал нешто на македонски јазик од Анастасија, или од Влатко, а можеби ќе ги заебавал на б’лгарски со Минаха години ама од Ристо Бомбата.
21 век, а „браќата“ бугари ни се фатиле за… јазиков?!
фотомонтажа: А. Мехмети