ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Забрчанец: МВРО Продукциска снима спот за потребите на остатоците од полициската држава

May 5, 2020 08:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност во Владата, за вчерашните активности на полицијата за снимање спот среде полициски час.

Соопштение за јавност од МВРО Продукциска:

„За време на полицискиот час, мислејќи дека јавноста нема да забележи, МВРО реализираше снимање спот за потребите на остатоците од полициската држава. Снимањето на спотот и самата содржина на спотот имаат цел да ги потсетат граѓаните на едно друго време – Денот на полицијата не би бил свечен ако не потсетиме на полициската држава.

Токму поради тоа, покрај материјалите кои ги снимивме преку злоупотеба на полициските возила и кадри, во спотот ќе ги вклучиме и следниве архивски сцени:

– тепањето студенти во библиотеката Браќа Миладиновци, ноќта на 5 мај 2015 година, кога повторно избија протестите против полициска бруталност;

– апсењето на Љубе Бошковски кај Воденица, легнат со главата надоле, народ да го гледа;

– влезот во А1 телевизија, инсертите кајшто новинарите се враќаат со касети и се обидуваат да влезат во својата телевизија и инсертите кајшто полиција удира врз влезните врати;

– акцијата на единиците на ЕБР во студентскиот дом Кузман каде полицијата направи сѐ во своја моќ да победи најдобриот, кандидатот поддржан од партијата ВМРО-ДПМНЕ;

– упадот на финансиската полиција во соросовите невладини организации (во невозможност да се најдат видео инсерти, ќе бидат искористени објави од портали кои ги опишуваат дејтвата на соросовите платеници против државата и против лидерот Груевски).

Заради обезбедување континуитет во меморијата на граѓаните, во видео спотот за полициската држава посебен акцент ќе ставиме на:

– непреземањето никакви дејства од страна на полицијата при денешното гурбо непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 пред црквата во Свети Спас, при што навивачите беа во група која е многу поголема од двајца, а дел од нив не носеа заштитни маски;

– делот од интервјуто на министерот за МВРО во кое стручно и прецизно објаснува под кој агол паѓала светлината врз рацете на придружниците на наследникот на Груевски, при што математички прецизно пресметаниот агол овозможил отсјај на слепило и привид дека спомнатите носеле ракавици;

– скриени снимки од енергичната акција за спречување на донациите на семејството Заеви, со цел истите никогаш да не стигнат до граѓаните за кои се наменети.

МВРО ги повикува следбениците на полициската држава да го проследат овој видео патепис кој ќе биде објавен ексклузивно на 7 мај, Денот на полицијата.” напиша Забрчанец на Фејсбук.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Куманово во чад, неколку пожари на различни локации

July 9, 2025

Вајц: Македонија е предводник во регионот, нејзиното пристапување кон ЕУ е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови

July 9, 2025

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ирена Јовева. Фото: Фејсбук

    Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕП со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на Вајц за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk