пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Пред некој ден блесна леснотијата на глупоста на најистурениот кадар на ДПМНЕ забиберен на челната позиција во полицијата. Министерот Отсјај за време на пандемија правеше видео спот со (некој ги изброил секоја му чест) ни помалку ни повеќе 104 полициски автомобили.
Иронијата е дека во време кога е снимањето на спотот, е полициски час.
За време на полициски час каде возилата, нели, треба да се во функција на обезбедување на почитувањето на мерката, министерот Чулев одлучил дека тогаш е добар тајминг 104 полициски возила неколку часа додека траело снимањето да се повлечат од терен.
Друго, ако тоа како што се гледа, не било полициска акција, туку „обично“ снимање на спот, зошто на нашиот репортер кој излезе на лице место за да сними дел од случувањето му беше забранет пристапот до местото на снимањето? Што криел, од кого и зошто Наќе Отсјај ја криел парадата на бесмисмисленоста? Јасно е дека сакал да ја скрие глупоста што ја прави, но зошто криел кога намената е тоа да е спот што ќе го гледааат сите, навистина е необјасниво. Овие паради на глупоста што ни ги прикажуваат кадрите на ДПМНЕ се добар потсетник колку тие всушност се сè уште заробени во својата поранешна матрица.
Погледнете го видео клипот на Чулев:
Што може да се види? Се фаворизира димензионираниот силно светлечки крст како единствен лајт мотив покрај ротирачките светла од полициските возила. На што друго нè потсеќа музиката од овој спот и не враќа во времето на промовирањето на легалната кражба и идентитетско сквернавење, ако не на проектот „Скопје 2014“. Претпоставувате која порака ја испраќа ДПМНЕ и нивниот истурен кадар со ваквото силно бодење на религиски симболи, а се работи за спот за да се одбележи денот на полицијата. Колку е ова погубно за нормалноста, драги мои.
За тоа колку е сиромашно и со идеја, па е плагиран ердогановиот спот со амбулантните возила, може да погледнете тука:
Тоа е таа светлечка вмронска евтинија што ни ја продаваа деценија и повеќе и со која ни ги заробуваа сите надежи за просперитет. Ова е таа нивна „нормалност“ што се обидуваат повторно да ни ја протнат.
Сакате да препоставуваме што ќе се случуваше со државата, ако се затекнеа (затекнат) во ваква вонредна ситуација, во нивни раце да беше власта, или да го оставиме тоа за некое хорор сценарио? Туку, не мора да претпоставуваме, тие толку ревносно се обидуваат и преку оваа парада очигледно ни го докажуваат, дека ништо не им е сменето во нивните поимања.
Честит ден на полицијата!