ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Денот на Европа е важен за целата земја, нешто што претставува наша аспирација од осамостојувањето

Во пресрет на Денот на Европа, 9 мај, вечерва се одржа мини концерт на платото пред Македонската Опера и Балет.

May 8, 2020 20:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) во пресрет на Денот на Европа, организираше вечерен мини концерт, на кој настапија БРАС квинтетот на Филхармонијата и Градскиот дувачки оркестар.

На настанот се обрати заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања и главен преговарач на земјава за членство во ЕУ Бујар Османи кој рече дека 9 мај е важен ден за целата земја, ден на Европа и Европската Унија, нешто што претставува наша аспирација од самото осамостојување на земјата.

– Уште повеќе за нас е овој еден вид на патрон празник, ден на СЕП, ова е наш ден кога нашата администрација, нашите вработени кои посветено работат на европските интеграции денеска ја слават својата работа и упсехот од својата работа. Овие историски моменти и настани за жал ги дочекуваме во време на пандемија, на многу сериозна закана на личното и колективното здравје, криза што предизвикува сериозен економски застој со длабоки социјални реперкусии, криза која длабоко навлезе и во редефинирање на општествените односи на нормалото живеење. Токму затоа оваа година ќе ги ограничиме настаните за одбележување на деновите на Европа, секако придржувајќи се до мерките и препораките за социјална дистанца и ограничено групирање, рече Османи.

На настанот се обрати и евроамбасадорот Самуел Жбогар кој истакна дека сè уште е во процес градењето и јакнењето на Европската унија, додавајќи дека солидарноста останува клучниот збор.

Солидарноста и донесе на ЕУ 70 години мир и просперитет. Солидарноста го обедини континентот. Солидарноста, исто така, ја изведува Европа од сегашните кризи. Деновиве сум особено горд што сум европеец и што ја претставувам ЕУ во вашата земја. Конечно ќе можеме да го поттикнеме вашето патување кон подобрата иднина во Европската унија. Солидарноста на ЕУ и нејзините земји-членки за вас и регионот за време на кризaтa одговара на сите дилеми што се слушаа со години. Каков е ставот на ЕУ кон регионот. Одговорот е дека сите сме едно семејство. Оваа година одбележуваме и 20 години од Делегацијата на ЕУ во земјава и над 20 години континуирано вложување во секој аспект на вашето општество, рече Жбогар.

Хрватската амбасадорка Нивес Тигањ истакна дека посебно се радува што Северна Македонија конечно доби одлука за отворање на пристапните преговори со ЕУ.

– Тоа е резултатот на вашата јасна определба за членство во Унијата, вашата истрајност на долгиот пат и вашата посветеност во исполнување на обврските, рече Тигањ, додавајќи дека Хрватска цело време се залагала неправдата што и беше нанесена на земјава да биде исправена.

Оваа криза, рече таа, покажа дека мораме заеднички да соработуваме, да бараме заеднички одговори.

– Тоа подразбира дека земјите од Југоисточна Европа мора да продолжат по европскиот пат и дека нивното место е токму во ЕУ. По повод вашиот и наш ден изразувам силна поддршка од Хрватска на пријателската Северна Македонија на нејзиниот европски пат кон полноправно членство во ЕУ./МИА/

Next Post

Николовски: Потопени се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk