ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Унгарската десница предлага законско решение со кое се става крај на признавањето на транс-лицата

Иако вниманието во моментов е насочено кон пандемијата на корона вирус, Бернадет Шел, независна пратеничка се спротивстави на законот и го опиша како „зло“ и „чекор назад во времето“.

May 11, 2020 10:17
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Десничарската партија Фидес која во Унгарија во моментов е на власт, врши притисок врз законодавството за ставање крај на законското признавање на транс-лицата, така што полот би се дефинирал врз основа на „пол при раѓање“ и со тоа ќе им оневозможи на луѓето легално да го променат својот пол, пишува Гардијан.

Транс активистите велат дека овој закон ќе ја зголеми дискриминацијата и нетолеранцијата кон транс лицата. Многумина од нив ќе се обидат да ја напуштат земјата, додека оние што ја немаат таа шанса ќе се соочат со секојдневни понижувања.

Иако вниманието во моментов е насочено кон пандемијата на корона вирус, Бернадет Шел, независна пратеничка се спротивстави на законот и го опиша како „зло“ и „чекор назад во времето“. За време на сослушувањето во судскиот комитет на парламентот, таа се обиде да прочита писмо од транс луѓе во кое се објаснува колку е штетен законот за нив, но беше прекината од претседателот на комисијата, кој го опиша писмото како „нерелевантно“.

Шел, исто така, го критикуваше моментот во кој овој нацрт-закон се дискутира, со оглед на тоа дека земјата, како и сите во светот, се соочува со пандемијата од Ковид-19.

„Се соочуваме со пандемија и сите ние треба да се фокусираме на две работи: здравствените проблеми и да им овозможиме финансиска помош на лицата за да ја обезбедат својата благосостојба. Она што се случува во Унгарија е скандалозно“ вели таа.

Набљудувачите велат дека неговото усвојување преку комисиите потврдува дека владата напредува во своите намери, иако сѐ уште не е јасно кога нацрт-законот ќе биде ставен на гласање.

Во Македонија, ова прашање се уште стои под знак прашалник. Иницијативата за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија – Трансформа, апелираа до Управата за водење на матични книги, како институција надлежна за промена на полот во личните документи да реагира по нивните барања./МЕТА/

 

Next Post

Ново рочиште за „27 април“

Shortcut

Најново

Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk