Министерот за здравство Венко Филипче за Меѓународниот ден на медицинските сестри, истакна дека медицинските сестри се грижат за светот. Тој изрази почит и им заблагодари за влогот и трудот што го вложуваат медицинските сестри поставени на првата линија на фронтот.
– „Медицинските сестри се грижат за сите во светот. Во изминатиот период нивната работа беше уште потешка. Им благодариме за влогот и трудот кои го вложија. На Меѓународниот ден на медицинските сестри одаваме почит за сите кои застанаа во првите борбени редови против коронавирусот!“, напиша Филипче.