И покрај апелите на надлежните ИВЗ да ја преиспита одлуката за отворање на џамиите поради пандемијата на коронавирус, ставот остана непроменет, со најава дека ќе се почитува мерката за физичка дистанца.
Молитвите ќе се вршат на одредени места за да се задржи потребното растојание, а верниците ќе можат да се молат и во дворовите на џамиите.
„На вонредниот состанок одржан на 7.5.2020 донесена е одлука од 12 мај 2020, вторник, џамиите да се отворат за молитви за да можат да се исполнуваат колективните религиозни обврски. Одлуката стапува во сила веднаш“, се вели во соопштението.
Од ИВЗ изјавија дека се надеваат оти оваа одлука ќе наиде на разбирање кај надлежните државни институции.